условно (прил.) - речено (имн.)

Нив ги сврзуваат, ги обединуваат спонтаноста на доживувањето на „мотивот“, помнењето и обземеноста со него, и така слеани во едно требаше, тогаш, да го искажат неговото јадро, суштината на опеаниот настан - трагичната смрт на Рацин -, за да се обликува целината на реквиумот, на оваа, условно речено, мала, своевидна поема, на нејзиниот сензибилитет, на поетичката структура и јазик.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Затоа појдов од условно речено, номиналната сатира, а точката на одбројување беше XVIII век на руската литература.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Една од битните определби во изборот на делата за мене беше посегањето по границите што сатирата како таква си ги поставува пред себе; притоа, се обидував со секое дело да покажам колкави се можностите на сатирата како уметничко дело, кое за жал, не е достатно осветлено во научната и критичка литература.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Парничните трошоци , кои исто така паднаа на товар на тужениот, изнесуваа 3.000 денари и ги опфаќаа само судските такси за поднесување тужба и за донесување одлука.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Горе наведената сентенца на Вуди Ален, индиректно не учи дека има надеж за оние кои живеат, условно речено, во темнина.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Судијката (М.Панговска), по добиената писмена изјава за признание – поднесена во јули 2003 – од страна на директорот на туженото претпријатие, донесе пресуда врз основа на признание со којашто во целост го уважи нејзиното тужбено барање и го задолжи тужениот да и исплати:3 а) на име неисплатени плати – сума од 116.917 МКД (1.900 ЕУР); и б) на име неисплатени придонеси за пензиско и инвалидско оси- гурување да уплати во ФПИОМ – сума од 74.523 МКД (1.220 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од целата оваа ситуација, која е прилично тешка за психофизичко издржување – земајќи ги во предвид многуте неисплатени плати, долгиот процес на трансформација на претпријатието во приватна сопственост, а во некои размери и лошата, а на моменти и непријателска работна атмосфера  – В.И. ја гледа, условно речено, добивката од добивањето на овој судски спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)