упорно (прил.) - го (зам.)

Тоа го пра- ват со надеж дека можеби работите во иднина ќе се променат на подобро, а во меѓувреме сериозно размислуваат за формирање на вистински независен синдикат преку кој ќе се борат за своите работнички права. *** Случајот на Ѓорѓиевски е вреден за одбележување поради не- колку аспекти. 94 Прво, тој јасно покажува како една странска директна ин- вестиција нужно не мора да значи течење „мед и млеко“ за ра- ботниците, како што тоа упорно го пропагираат апологетите на неолиберализмот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Меѓутоа, голем дел од вработените, свесни за овие игри на газ- дите, не се откажуваат од претходниот синдикат и доброволно продолжуваат да ја уплаќаат членарината на сметката на Агро- синдикатот, иако односот на раководството на ССМ и во овој период останува игнорантски кон нивните проблеми.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Нека биде, нека биде ... шнауцер, можеби малтезер или пак некоја друга, мала, слатка сорта, лесна за чување и одржување. (Упорно го продолжува муабетот за кучето, за да го избегне муабетот за детето).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тој истешко стана и нерешително тргна, надевајќи се дека сепак нешто ќе го подзапре, но таа упорно го следеше во чекор и не го остави да се сврти кон неа, барем да бидат лице в лице кога ќ е се збогуваат, и просто го истурка низ вратата пред ја тресне и да ја заклучи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дали се ближеше времето кога требаше да се ослободи целосно од овој сон којшто толку години упорно го криеше од блиските, од своето време, од идеологиите и од режимите?
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Бојане, синко, отвори! - пак слушаше глас, кој упорно го повикуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А.А. упорно го очекуваше мојот коментар.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Децата како да се скаменети и прашањето што така упорно го поставува учителот како да не се однесува на нив.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Така, кампањите за малцинските права упорно го туркаат идентитетот (кои сме ние) пред субјективитетот (како се чувствуваме) и нагласуваат нешта како што се општествената еднаквост, придобиките од разновидноста, задоволствата на различноста, етиката на мирниот соживот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јас сум таа, заедно со татко ти, која упорно го поткрепуваше твоето убедување дека човекот мора да си го сочува својот интегритет, да биде способен да ја забрани слободата од детските дни, и надворешните присилби да ги направи што е можно побезопасни.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но, не ретко, инатџиски ќе ги стиснеш усните и упорно го тераше своето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тој упорно го избегнуваше нејзиниот поглед.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И дали снегов што не престанува да врне и студов што упорно го потсетува на себе со своето неуморно штипкање по образите, како дебели прстиња на немажена тетка, се негов избор или негова судбина?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Или пак беше само случајност во неговото случајно патување кон непознатото, во оној миг кога сфати дека најосамени сме тогаш кога упорно го бараме токму она што сме го оставиле зад себе токму тогаш кога сме тргнале во таа залудна потрага?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Човекот со рапавото лице седеше отспроти и упорно го стрелкаше со поглед Глигора кој се готвеше да си легне.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А Самарџиќ до ден денешен покрај тоа што одигра мал милион добри улоги, голем број бивши Југословени (не мислам само на Македонците) упорно го викаат Шурда!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Но грнчарот упорно го држеше пред нив подадениот послужавник.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ги допреа усните со златните венчиња и, замижувајќи, отпија од виното.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во неговите книги пишувани на различни писма, латинично, арапско, кирилско, хебрејско, на места откривав разлеана пепел, во необични облици, која некаде се слеваше во старите минијатури на еден Коран пишуван на рака, како своевидно надополнување, потврдување на неговото читање и постоење, неговото воскреснување во моите нови читања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тие точки на разлеана пепел по страниците, од некогашните занесни читања и заборавно сеење на пепелта од пушените цигари врз хартијата, можеше да се наслутат и трагите на неговото верување во повеќекратниот идентитет кој Балканците фатално го носат во себе, но којшто упорно го одрекуваат една или повеќе од неговите компоненти за да дојдат во конфликт првин со себеси, па потем и со другите...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Новиот претседател на Советот Бенјамин Нетанјаху ќе гласа против договорите од Осло во Кнесетот, со поддршката на доселениците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нетанјаху не ги прекинува преговорите, но тие замрзнуваат и упорно го сопира нивниот тек.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зошто го набљудува? Зошто упорно го следи насекаде?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знаев дека нема да го прифатиш она: за Ана и нејзините пици. (Пријателот упорно го префрлува разговорот на својата тема).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Толкувајќи осумдесетина селектирани фрагменти од љубовниот дискурс, Ролан Барт, еден од најголемите авторитети во областа на значењето, упорно го прави истото: проникнува во она што е зад зборовите со кои љубовта (наводно) се искажува, го доловува она што стои помеѓу нив, околу нив, под нив...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Има ли, воопшто, книжевноста некоја друга задача?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Оваа состојба тешко би можела да се дефинира, доколку нема свои корени во длабочините на душата. (Старова, ibid.) Целата ваша натамошна кореспонденција, во која Елен Лејбовиц постојано се докажува како исполнителна, темелна, максимално посветена на Твојата литература, дури и мајчински внимателна кон нејзиниот автор... целата, велам, кореспонденција и не се занимава со друго освен со длабините на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)