упорно (прил.) - чека (гл.)

Те гледаат и упорно чекаат во очите, во треперењето на мускулот и рацете, да видат бледило, пот на челото, треперење на брадата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ќе разотвореше мал лилав шатор на тревата меѓу трњата крај автопатот, во близина на аеродромот, и упорно чекаше слушајќи ги на транзистор вестите за времето на слетувањето на гостинот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ние - беше нешто премногу конкретно и нешто сосема нестварно, истовремено, организам кој нѐ препознаваше и во кој се препознававме, оти тоа, всушност, бевме ние, судбина наша и на многу други кои секојдневно се заплеткуваа во пајажината што ни стана порок и заради која како инсекти се заробувавме самите себе станувајќи му плен на црното страшило кое упорно чекаше во дувлото да нѐ зграпчи со своите канџи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)