удолу (прил.) - низ (предл.)

Информациите, втиснати на лентите и вовлечени во процепите, се лизнаа удолу низ жолтите запци кон следните машини.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Долго време откако шумарот си замина и откако неговиот џип одбрче удолу низ Рамни Ливади, старецот остана да седи замислен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се сврте лево-десно, да види дали некој не го гледа, - па повторно истрча пред портите, весело си засвирка и се стрчна удолу низ улицата, од каде доаѓаа весели детски викови...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Гребеше, бревташе, нозете и рацете му прокрвавија, се лизгаше, безброј пати се најде во положба да се струполи удолу низ карпите, но не се откажа, не се повлече.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И само што пречекори кон рекичката зракот како стрела заплива удолу низ водата. И Славчо потрча.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Куп овде, куп онде... трчам удолу низ поле, кај што ми рекоа децата...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кап ... кап... кап - капе вода во камен - бигор издлабено коритце... тенка шурка несопирливо се слева удолу низ карпите... се слева - бигори влече - ама бигори во душите на живите ништо не може да ги одвлече - се пластат...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)