удолу (прил.) - кон (предл.)

Слегував удолу кон полето големо затворено во небо и планини; омеѓено со тополи престорени во минариња од штркови гнезда.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се спружил удолу кон морето и сиот се собрал во една од две улици.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Оф, ова е нешто што не сум можела ни да си го замислам! - се радуваше куклата гледајќи удолу кон Земјата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И кога тие бели нешта ќе ја почув-ствуваат сончевата топлина зовриваат и тонат удолу кон салатата и кон старото и смрдливо говедско, на талогот од кафе и на главите од белите риби и по десетина секунди на сонцето тие заминуваат, тонат и големата валкана крпа сега ги прекрива купиштата од смет што остануваат тивки и без движење.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ја фати за нога и ја повлече удолу кон поточето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За разлика од тесното патче кое што водеше удолу кон рекичката и воденицата сега веќе теренот беше порамен и патот поширок.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)