тукушто (прил.) - роден (прид.)

Телото си бара друго во темнината, за утеха, како тукушто родено кутре.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На меѓата од нивата, крај грмушка осветлена од сонцето, лежи мајка му крај тукушто роденото дете; баба му Депа држи стомна со вода со која го замила; отстрана стојат неколку аргати со мотики в рака дојдени да ја видат рожбата како пастирите при раѓањето на Исус;
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)