туку (прил.) - само (прил.)

И насмевка, баш при допирот на ѕвездите - за да можат луѓето долу да пресметуваат на првите дигитрони колку благост збира во една обична насмевка за која се знае дека не се купува на пазар, не се позајмува и не се краде, туку само се подарува.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
„Фати се еднаш во костец и со зборовите, не туку само превртуваш со јазикот и го вадиш ременот“!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Устите им беа полни со големи и гневни, многу значајни и звучни, итри и пламени зборови кои без прекин беа дополнувани со гневно кренати и стегнати тупаници, рацете не им мируваа, туку само се закануваа и со прстот вперен во нас чиниш ни велеа – ТИ и ТИ и ТИ, што чекаш?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Неколку века подоцна, Аретаеус од Кападокија, во делото „За причините и знаците на болестите“ вели: „Пациентот може да замислува дека има земено друга форма од својата, некој верува дека е врапче, петел, или земјена ваза; друг дека е Бог, оратор или актер кој го држи жезлото на светот; некои плачат како новороденчиња и бараат да бидат држени в раце, или веруваат дека се зрно синап и постојано треперат од страв дека ќе бидат изедени од кокошка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Многу повеќе тоа беше поради една потајно негувана верба - или можеби не дури и верба, туку само надеж дека О'Брајановата политичка исправност не е совршена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во времето кога неговите сонародници и современици изворот на лудилото го толкуваат со влијанието на божицата Хера или пак со богот на војната Арес, еден од учениците на Хипократ запишува дека ни светли ниту пак темни сили го предизвикуваат лудилото, туку само нашиот мозок е она што нѐ прави “луди или делирични, ни внесува ужас и страв”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми се наложи картагинската парадигма дека во животот нема ниту победа, ниту пораз, туку само истрајба! ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред влезот на зградата три девојчиња играа ластик; не ги погледна туку само го слушна рипкањето и се упати вдесно, за да го скуси патот кон продавницата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)