туку (прил.) - ми (зам.)

Еднаш јас така, му грлев кошулче на Ангелета, и само што го засеков платното туку ми свирнаа во ушите, ми забучија во главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ергените, од секое домаќинство по еден, токму оној што се замомчил и требаше да се покаже, или оној што требаше да избере и да биде избран од некоја од момите, за наесен кога ќе започнеше мрсот, да се ќердосаат, дотука вода во калта, искусните домаќинки, за радост на бабите и децата, поседнати наоколу, ги виткаа црепните, сосетките одговараа: - Не ми се криви нозете, не ми е земја грутлива, туку ми лудо намигна, туку ми умот поштукна, зато ми се црепни - црепутки. - Ихии!...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вечерта, пред зајсонце, домаќинствата се собираа тука.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И мене така ми дојдувало, му велиш, туку ми замижале очите и сум заспала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)