тука (прил.) - заедно (прил.)

Во наш интерес е да останеме сите тука заедно и да наоѓаме начин да се справуваме со економските проблеми и да градиме заедничка иднина....“ говореше младиот каризматичен учител, свежо вратен во Битола по завршувањето на студиите во учителската школа во Скопје.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Вашата инструкција и заповед беше тука заедно со другарот Пене Бранов да дојдеме илегално и да се повлечеме во најдлабока илегала каде од Вас посоченото лице – јатак и со помош на дадената ни лозинка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од дома до тука заедно со стоката ние пешачевме цел месец, та што се десетина дена за еден маж?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога се правеше гробот, кога ќе почнеа темелите да му се копаат, да се поставуваат темелници на споменикот, се канеа сите блиски и роднини на покојникот, како куќа да се прави: се колеше јагне или овен, се редеше главата во темелникот, се правеше ручек, се викаше попот, и тука заедно со мајсторите се јадеше, се пиеше; пред тоа, попот Матлија со крстена водица ќе го осветеше гробот, ќе му пееше молитва, ќе фрлаше поглед на плочите и камењата стокмени за споменикот, ќе ги пофалеше мајсторите што ги делкале, домаќинот што стокмил пари за споменикот, а потоа, сиот измастен од месото што го дрпаше, го поземаше бинлакот со вино и долго го држеше на устата како да го подува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)