тука (прил.) - сам (прид.)

Му беше сеедно исто како што му беше сеедно кога рече дека може да дојде ваму сам, кога се согласи да дојде и да остане тука сам, исто онака како што му беше сеедно додека чекореше сиот поминат ден напред по неразгазената белина на снегот и кога не се погрижи ниеднаш дали оние двајца продолжуваат да идат по него и дали им е ним полесно да чекорат по разгазената трага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Седеше тука сам, главно очекувачки загледан во уличката во која се наоѓаше портата од куќата на Едо Бранов селанецот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)