тука (прил.) - работи (гл.)

Велат, тука работеле луѓе. Јас не гледам никого. Скршените стакла на вратите се прекриени со стари весници.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А мостовите се правеа на најтешки места: в планина; тука работевме, тука живеевме, тука го поминувавме слободното време шетајќи низ шумата како дивеч; ниту се бричевме, ниту се стрижевме; господе, само умот да ни го додржиш, си велевме со Анастаса.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дванаесетмината другари од Политбирото тука работеа, јадеа и спиеја.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најимпозантен објект во опсерваторијата е сончевата кула, која е опремена со најсовремени апарати. Тука работи и д-р Сотировски кој ѝ се посветил на спектарската анализа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)