тука (прил.) - бев (гл.)

Тука беа и децата на учителот, тажни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имаше дури и еврејски сефардски семејства, имаше едно ерменско семејство на музичари, имаше и едно руско семејство, спасено од Октомвриската револуција, имаше неколку турски семејства, имаше не­колку семејства од Егејска Македонија, тука беше нашето албанско семејство, среде многубројното македонско население, во оваа мала Козарска република.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За локалните тука беше неуништивиот козар Чанга, пре­ка­лен во многу битки за спасување на козите во и по војната.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тука беше и јаничарството и, крајот, итрината „Остави да се крене глава, па сечи!”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Јас со него борба водев - Ете, тука беше, пред мојот нос, но одеднаш го снема, како в земја да пропадна, како да се претвори во невидлив дух!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тука беа и двете инженерчиња. Ти не знам кај беше, отиде некаде“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Некои тврдеа дека нешто подеструктивно никогаш не чуле.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Беше тоа година на електрични фустани - винил со пакување батерии - а тука беа и фустаните со нерамни краеви, и сре­брени фустани со минијатурни димензии, и микро-мини-сукњи во комбинација со доколеници, и Пако Рабан фустани од пластични квадрати поврзани со метални прстени, и куп нехруански околуврат­ници, и сè што би можело да ви падне на памет.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Поп модата штотуку го достигна својот врв - беше доволно да се фрли поглед по Гимназиум за тоа да биде јасно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тогаш типот рече дека некој му должел 500 долари и му рекол да дојде во Фектори за тие пари да ги собере од нас.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Типот не натера да седнеме на кауч - тука бевме Тејлор, Пол, Џерард, Фред, Патрик, Били, Нико, Сузан и јас.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На првата вечер во публиката беа некои членови од Бирдси, а и Џим Мо­ри­сон, кој беше прилично зантере­сиран, а тука беа и Рајан О Нил и Мама Кас.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Јас не можев да се ослобо­дам од впечатокот дека сето тоа е само шега.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тука бев можеби и посигурен”.  „Господ нека ни е на помош”, му рече во часот на разделбата.  „Мислам дека ќе одам на друго место”, му дошепна Готлиб гушнувајќи го за потивко да му дошепне: „Сега не е време да се биде дома”. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Ќе те пуштат и тебе...“ - му рече Готлиб додека се слушаше отклучувањето на вратата од карцетот.  „Мислиш?“ „А што ќе си им тука?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тука бевме без здив, а не верувам дека тоа не го чувствуваше и Коле, зашто тука со колата просто лазеше.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа ме придружи до чекалната. Тука беше Влатко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се поздравив и ѝ заблагодарив на докторката Горица и на сестра Мира.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но на еден два метра лево, косата пак закачи и Сиве веќе си мислеше дека и друг костур ќе најде, та почна да тегне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И тука беше на издишување — на умирање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како за инат и времето им ги зголеми страданиите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но со лебот требаше и нешто друго. A затоа тука беа двассеттината кокошки за прва потреба, па после ќе дојдат на редот овците, козите, кравите, воловите, та не ќе куртулат ни магарињата кога ќе се свршат копитарите со расцепени копита.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Токму тука беше најубава тревата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тука беше образувана првата излезна база на Толева арамиска чета од тројца луѓе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во таквите ноќи, наслушувајќи го тој далечен звук кој напати не се разликуваше од другите шумови на градот, но напати одекнуваше многу јасно и чисто, дедо Симон ги развиваше старите поморски карти на Медитеранот, полни со ознаки на морски струи, пристанишни податоци и точкесто назначени патишта на парабродски линии; ги одвиткуваше картите на Турската империја, кои беа свиткани наопаку, бидејќи југ со светите места на исламот им беше горе, картите на Балканскиот Полуостров издадени во Франција на кои Македонија, Албанија и Грција спаѓаа во Блискиот исток; тука беа и лажните карти на санстефанска okno.mk | Margina #26-28 [1995] 136 Бугарија, источни и бесмислени, картите на балканските земји работени за потребите на Ватиканот, на кои сите називи беа на латински и териториите поделени според црковните диецези, како и картите на Македонија издадени од автстроунгарскиот генералштаб, работени според несигурни шпионски податоци.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Надоместував со „пориџот“, тука бев немилосрден...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тука беше нејзината невестинска кошула, бела како снег, со ситен алов вез, која ѝ стоеше толку убаво кога беше невеста - висока, јадра, црноока и чудно убава Бојана.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За Бојан беше најлошо тоа што тука беше и Елена и што беше сведок на еден неуспех.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во мислите со Вас не сакав да скитам, тука бев секогаш и Вие тука, сметав не треба да итам...
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Тука беа повторно сеприсутниот Х.Х., неговите видливи и невидливи помошници, големиот пајак со неговите мали придружници.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тука беше неизоставниот Х.Х., потоа директорот А.А., додека неговите соработници не беа поканети.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тука беше и Х.Х., но неговиот ум во насетена опасност стигнуваше само до блискиот телефон на навивање дирек­тно поврзан со семоќната Централа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тука беше и Х.Х. Свеж, одморен. Прв ме поздрави: - Добро спиевте?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тука се носеа политички и воени решенија и одлуки, тогаш тука беше мозокот на едната страна од војната.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како и во претходните денови, така и сега бараме траги од минатото на тие, кои тука беа доведени и сместени во напуштените бараки и касарни.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
33 На сет глас викавме и со тупаници удиравме на се што беше околу нас и со нозе го толчевме подот небаре тука беше големиот душман.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Некогаш, веројатно, беше мечкино дувло, но тогаш, во граѓанската – тука беше мозокот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Едни паѓаа, други стануваа и трчаа, трчаа, трчаа кон Пероо... тука беше спасот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Денес тука беше, со свои очи го видов!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Големиот нужник во паркот покрај кој мора да се мине смрдеше како што секогаш си смрдел, а тука беше и јавната чешма со скршената славина и баричка околу неа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сите веќе се смирија, а Паша Емиљевич сé уште шеташе по собите, загледнуваше под чашите, ги преместуваше лимените шолји за чај и мрмореше: - Каде ли само може да биде?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само што нешто тука беше сѐ понеодвратливо и сѐ понеумоливо - доаѓаше сѐ поблиску.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој се наоѓаше некаде далеку од оваа сала и тука беше само неговото тешко опуштено тело и маската на неговото лице, безизразно замрзната и свртена кон Глигора.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тука беше и Ѓеро Ѓенески и Неделко Сивески. Пишавме и писма. Писмата долу ги занесе Неделко Сивески. Ги занесе и не се врати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Паче, тука беше и Давиде Недолетниот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но, тука беше дежурната Анѓа која како со остен ја будеше не давајќи ѝ ни минутка сон.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тука беа и пријателството и љубовта и, другарството, и погледот на пријателот и смеата, неговата смеа, желбите и вербата во Големата вода, вистината за Сентерлевиот рид.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ти премногу сонуваше и можеби тука беше твојата грешка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И самото доаѓање тука беше непромислена работа, а вистинска лудост беше што дојдоа заедно, иако, навистина, по различни патишта, за да се сретнат пред самиот праг на О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тука беа огромните печатници со нивните уредници, типографски стручњаци и комплетно опремени студија за фалсификување на фотографии.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тука беа армиите од евидентичари, чија работа беше едноставно да составуваат списоци на книгите и на периодичниците што требаше да бидат повлечени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тука беше секцијата за телевизиски програми, со нејзините инженери, продуценти и тимови од артисти специјално избрани поради нивната спсобност за имитирање на гласови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Отидовме дома, ние тројцата, тука беа нашите најблиски роднини и пријатели.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Размислував за тоа дека небото не е исто тука и во Скопје, тука беше посебно убаво.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Гласот стаса до тремот на Рожденката, и бидејќи тука беше Неда, и до нејзините уши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се разбира, тука беа Бојана и двете Дости — Рожденката и Доста Мокрева, Чаршафите се размрдаа и се разделија — едниот лево другиот десно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега, пред да дојдиш ти, тука беше; те ако сакаш ќе а пратиме невестата, ќе а викне да видеме шо каршилак ќе даде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тука беше стариот мудур, ќатипот, мулазимот, коџабашијата Лесната, Колобан, Младин, Чкулот, Мисирлијата и поп Петко — на крајниот лев агол, додека од двете страни на сцената стоеја даскалите со дедот поп Глигорија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како секој ден тука беа: Бојана Жиовката, Доста и Дунава Макреви, Мита и Тода Тушеви, Неда Сивевска, Јова и Петра Батанџиови и кој знае уште колку кое моми, кое невести.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Меѓутоа, тука беа Татковите книги, од кои сѐ уште се ослободуваше некаква светлина, некаква надеж, да се истрајува додека тие се прелистуваа од невидливите раце на судбината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но, со текот на времето, по заминувањето на Мајка, се чинеше дека токму тука беше задржана нејзината душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Крај каучот, ги забележав Мајкините свети книги, а тука беше и Татковите книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Да, имаше и храна и вода, тука беше целото наше зајре...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Покрај тоа што беше вообичаен вид психијатриска единица во општа болница, тука беа здомени околу осумдесет мажи и жени кои го имаа добиено грипот во 1927 (тогаш така се сметаше), а што подоцна се испостави дека е encephalitis lethargica.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тие беа руинираните преживеани од епидемијата, којашто тогаш ја опустоши Европа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како да било, но кога дојде ослободувањето, власт тука беа тие двајцата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како можеме ние на оваа сиромаштија да имаме мрсно јадење за цела година“) Значи, тука беа запишани сите празници што за него имаат некакво значење, религиозно но очигледно и економско.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А тука беше врзан стотина години. Уште од турско.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тука беа препарирани птици, риби, цицачи...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А, тука беше и Мајка, децата, семејството, и на нив требаше да се мисли на дофатот на конечното решение на излезот од егзилот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, тука беше и неговата мајка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А тука беа ридои голи и долу Човек пеејќи ги успиваше лилјаните в поле И жени стоеја до Светото дрво И редеа: - Кој ќе го прескочи Светото дрво Тој ќе управува со божилакот И ќе ги победи сите болештиње и води.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
- Каков град, види ја државата бе. Никој не води рачун за ништо.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Тоа го знам! – му излета („тука беше искрен“, си се пофали, ама патникот како ништо да не забележуваше, тука само го чекаше следното прашање). – Па, те стигна ли?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Да, тука беше сето време збиено во јапонскиот цвет од хартија.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дваесет и пет илјади момчиња, национално лошо воспитани, страшливци, без патриотизам и национална доблест, та затоа тука беа пратени да се превоспитаат...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нешто подоцна Хенри дојде со Раушенберг и со Ileana i Michael Sonnaband, а тука беа и Дејвид Бардон и некој млад шведски сликар.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тука беше и Захаријадис со целото Политбиро.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Гледај, дедо, кога се доселивме тука беше змијарник - ужас, дедо, купишта градежен отпад, нечистотија и навистински змии.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Братучедот ја запре колата и ми рече: Ова се ознаките на вратата на пеколот! Тука беше ѕидот- граница!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тоа кај него бездруго беше наследениот немир на неговиот татко пред границата, а кај мене сигурно наследениот немир од моето мачно минување на границата во 1979 година, на вратата на балканскиот пекол!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Да, тука беше Катрин Дреер (Katherine Dreier), која исто така беше заштитник на уметноста, а го беше основала музејот со име Societe Anonyme.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Немав никакво јадење. Мане ми даде и некоја урда со пиперки, па кога почнав да јадам не знаев за доста.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Немавме вода, но за среќа тука беше снегот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таму се најдовме со партизаните, тука беше и Минчев, поигравме малку партизански ора и ноќта тргнавме за Шешково, потоа за Праведник.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тука беа и мудурот и мутесарифот, па дури и дервишкиот шеик Рушид-баба.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Да не заборавам, тука беше и неговиот помал брат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)