трипати (прил.) - дневно (прил.)

Таму задолжително се собиравме трипати дневно.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Млитавиот и сив општински писар трипати дневно ги ласкаше жолтите чевли, ги дуваше напудрените образи и уживаше во својата државна служба со каква во улицата можеа само тројца да се пофалат - тој, кусогледиот инспектор со несовитливи коленици и ќосавиот полн послужител во основното училиште „Вук Караџиќ“.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ако е сама, ќе ти препишам трипати дневно да поминува пред твојата куќа, а ти во понеделник, кај мене на контрола, да ми раскажеш сè по ред.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако, ако... Нека ми биде убаво на душата, па, ако треба, и трипати дневно ќе пијам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)