трипати (прил.) - повтори (гл.)

Но, оттаму еден метален глас трипати повтори дека телефонскиот број не постои.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И потем раскажа собитие вакво, за кое трипати повтори дека е верно, и јас знаев дека знак на несигурност е тоа повторување: на првата ноќ откако сме заминале ние од дворецот, небаре ѓавол ја напуштил престолнината и во вреќата своја сите проклетства ги однел, на Лествичникот видение верно му се јавило: таткото негов, Мида, на сон му дошол и побарал да го откопа од гробот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Сјединаешсја ли сја Христу?“ „Сјединајусја“, пак трипати повтори татко ѝ на Тодора.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во секој случај, сите во црквата се смраморивме кога од олтарот го чувме неговиот силен глас кој трипати повтори: „Господи помилуј, Господи помилу, Господи помилуууј...“ Не се сеќавам освен ова „Господи помилуј“ дали разбрав нешто друго ама убаво ми беше да го слушам пеењето на дедо попот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)