точно (прил.) - го (зам.)

138. И во овој поглед Мисирков точно го антиципирал идниот развиток, зашто Бугарите навистина дури во најново време (1978) настапија токму така во однос на изградбата на македонскиот литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Е, што третото, па ете тоа - дали сум комунист, и тоа точно го кажав... одличен пет!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Овој, еден од најубавите народни обреди, дружината го играше на сцената одлично; сите беа искусни и се гледаше дека точно го знаат и го разбираат секој симболички детаљ; гатачот потем говореше: „Оддалеку идиме, надалеку одиме, на кораб се возиме, со стапој се крепиме, коработ се скина, на домаќинот газот му зина“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Секое утро, Клара во огледалото си ги повторуваше зборовите: veni, vidi - vici ... veni, vidi - vici ... veni, vidi - vici ... - но не сум сигурен дека точно го знаeше нивното значење - мислеше Мо, додека нервозно шеташе лево-десно низ тесната просторија.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ја замолив мајка ми да ми каже кој точно го дотуркал каменот, а таа се насмеа веројатно изненадена и самата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Знаеш дека за тоа не втасав да го прашам човекон кој ме доведе во планинава“, одговори мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не е ни чудо што хомосексуалната желба редовно клони кон опседнатост со апсолутно, неовоземно совршенство, со беспрекорни архетипи или платонски суштини (совршено убавиот маж: Дорјан Греј; технички беспрекорниот лик на убавиот маж: „Совршениот миг“ на Роберт Меплторн; совршената оперска дива: лисабонската Травијата).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи му посветуваат толку многу самотно време и самотен труд, уште од рана возраст, на изучувањето на особените одлики на своите идеални предмети на љубовта, утврдувајќи кои комбинации на одлики – или кој општествен облик – најточно соодветствува со зацртаното во нивната желба, геј-мажите се склони, додека сѐ уште се мошне млади, да воспостават многу подробна и строга умствена слика за она што точно го сакаат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Што се однесува до убиството од омраза, што веќе го спомнав, ќе ја прочитам само одломката во која тоа дословно е наведено: Што се однесува до Мирко Бундев навистина не сум сигурен кога точно го замрзив и која беше причината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Има една поговорка, што мошне често се употребува, и што точно го одразува тоа наше очекување, за стореното добро да ни се врати многу повеќе.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А посебно вешто и точно го насетуваше мигот на бурата кога јагулите го напуштаа Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога малку повеќе би се оддалечила од брегот, кога би си дозволила да испуши еден Џоинт, трета или четврта цигара, можеби не би можела да се сети каде точно го оставила бебето, посебно не со сите тие растенија, лози и треви, грмушки и дрва, со сиот тој брег како болка од зеленило.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нешто би можело да се вмеша, ненадејна промена на текот на реката или пак некој сокол.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Никој неа не би ја обвинил.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)