толку (прил.) - цврсто (прил.)

Нејзиното рамено толку цврсто му беше вглавено под мишката што имаше чувство дека го поткрева.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не се знаеше кои чии се, толку цврсто и блиску еден до друг се припивме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја поткрена и ја гушна толку цврсто, вртејќи ја околу себе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Камчиња зачкрипеа зад мене. Толку цврсто и ненадејно што се исплашив.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Сега сме како оној Шива, индискиот бог за кој ми раскажуваше – ѝ реков на мајка ми – оној со едно тело и со шест раце.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дождот толку цврсто го воспостави својот авторитет што секое живо суштество остана во своето живеалиште.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)