толку (прил.) - тихо (прил.)

Во бараката на штабот, подигната во сенката на високи црници беше тихо, толку тихо да не се слушаше ни мува да брчне. – Значи, вие сакате да станете бригадири? ги прашаше по втор пат командантот, гледајќи ги се’ така потсмешливо или пак така им се чинеше. – А зошто не сте се пријавиле во бригадата од вашиот град?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Понекогаш во неа е толку тихо, како во бунар, од никаде никаков глас, никаков шум, па му се причинува како нешто да му се случило со слухот, но тоа трае кусо и ушите повторно му се исполнуваат со разни шумови и брмчежи, тропоти, гласови на луѓе и рикање на добиток, викање.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Не забележуваш? Ништо не се слуша. Одамна не било толку тихо.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Молчи! - рече Катерина. - Најскладок си додека спиеш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)