толку (прил.) - тажно (прил.)

Да не си го прескокнам и роденденот како многу битен настан кој секогаш завршува толку тажно. Го прославив, се разбира сама.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Заедничкото на јаничарите и језуитите им беше тоа што и едните и другите исчезнуваа толку тажно и во мрак, без зрак слава и признание, жртвувани за подемот и величината на Султанот и Папата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Гледајќи го одзади, неговата нова ќела толку тажно изгледаше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сето тоа беше толку мачно, и толку тажно и беше лицето, усните ѝ потреперуваа и ми се чинеше дека во секој момент ќе се расплаче.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)