толку (прил.) - рано (прил.)

Јосиф по малку љубопитен, по малку наивно зачуден ги праша што тие две дами бараат толку рано во денот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Се молеше Бојана и се заколнуваше со тешки мајчини солзи, неумолива во својата преголема болка за толку рано однесениот маж и непоколеблива во своето решение да го запази синот, својата радост, својот нов живот, да го запази од сите патила што ги носи печалбарскиот живот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Беше толку рано што да ти е и жал и грев да ја будиш, да ја враќаш од облаците на сонот врз тратот на јавето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Што? Си одат? Толку рано? - се чудиш, како навистина првпат да си во театар, односно во театарско бифе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Како стигнавте толку рано? - праша Бојан откако останаа сами со дедо му. - Како рано?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше студено, Бојан чувствуваше дека веќе треба да се прибере внатре, но мислата да се затвори толку рано му беше непријатна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан не мислеше толку рано да го пушти добитокот на поило.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бидејќи времето застуде, домаќинките по куќите почнаа да ги палат огништата, а мажите додека се грееја, чувствуваа благодарност за Илета Вегов - Брчалото, бидејќи да не беше тој, којзнае дали толку рано ќе имаа дрва за да се затоплат.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не знаејќи што да прави,а мислејќи си дека е срамота да оди толку рано кај делениците Акиноски и да го извикува Максима само за да му каже што го снајде, со чувство на спопашкан пес отрча на дуќан кај Зојчевци: најмалата Максимова сестра Зоица, беше омажена кај Костадиновци па жителите на Потковицата сите Костадиновци по Зоица ги прекаруваа Зојчевци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Рози, многу те сакам. Сиве овие години те чекав. Ти требаше да дојдеш порано. Но не дојде толку рано.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Машкиот геј-идентитет, најпосле, изгледа се обликувал релативно доцна, не порано од адолесценцијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Обликувачките, субјективизирачки дејства на родот го нудат решението на упорната загатка за тоа како може децата толку рано да се иницираат во културната практика на хомосексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи на поединецот му се втиснуваат толку рано, на толку рана формативна возраст, тие се упорни, трајни и конститутивни за себството.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Културата ја зачувуваат редовни, долговечни процеси на општествена репродукција кои пренесуваат конкретни обрасци на мислење и на однесување од едно на друго поколение и го консолидираат колективниот идентитет на групата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако „ниеден дванаесетгодишник никогаш не бил одведен на психијатар и не му се молел на Христоса за помош затоа што собирал албуми со оригиналната екипа“, пишува Д. А. Милер, се покажало дека бродвејскиот мјузикл не е „ни трошка помал показател (за хомосексуалниот развој) од оние (други, попрепознатливи негови ‘знаци’) што биле страшно видливи уште од мигот кога се појавиле“.373 Се обидов да објаснам зошто, да укажам каква врска може да има конструирано поетиката на американската култура меѓу жанровите на дискурсот – или стиловите на изразувањето, односно видовите на општествена изведба – и облиците на сексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие ги обликуваат човечките субјекти на особени, длабоки начини.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еден друг мој геј-пријател, додека сѐ уште бил основец, ја преработил автобиографијата на Кристина Крафорд Најмила мамичке и ја преточил во драма – само што ликот на Кристина го преобразил во машко, надевајќи се дека кога ќе се поставувала драмата, тој самиот ќе ја игра таа улога; промената на полот му овозможувала драмска улога што можела да посредува меѓу неговиот мажествен идентитет и неговата емоционална идентификација со абјектниот, но моќен мелодраматичен женствен пример.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вистинските културни практики, според ова стандардно поимање на културата, се како јазични структури.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Што си станал толку рано?“ го праша Профим. Скрче не одговори.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ете зошто толку рано побрзав кај Трифун Трифуноски, што порано сакав да му ја откријам својата голема тајна. Своето срце.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тажно беше ова силно, убаво човечиште да се гледа во таква понижувачка состојба, - веднаш се покајав што дојдов толку рано.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Му велев: „Сине, не е фер толку рано, да не ми се лути тато…“
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Поп Петко зошчо толку рано си го удоми Крчето, за да си го запопи, — продолжи Јован со увереност дека, иако е Крсте, ама вистински поп е.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Та затоа и тој стана толку рано и реши прв да ја погледа Неда, за да не се исплаши или засрами.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ами, поседете си бегу, оти толку рано ќе си ојте? — запна и Бојана да го задржува, ама Колобан и чкрапна со окото и таа ја зеде празната чаша на послужавникот и му ја подаде белата рака на бегот, на која светкаше на ламбата бела, сребрена гривна со три жолти черечиња подресена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На прашањето од татка му кај оди толку рано одговори дека има нешто да учи со другарите Лулето, Русета и други, та ќе се соберат" кај Шпира Калешков да им покаже тој како ученик од II одделение.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поп Петко се поисплаши кога го виде толку црвен, го фати за рака и за глава, го праша да не го боли нешто, и откако виде оти ништо не му е, со чудење го праша: — Ами оти толку рано ќе си легниш, Крле?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Што е момче, што правиш ти тука толку рано?“ рече човекот зад него.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Само помислив дека е малку чудно за едно дете да не е уште в кревет толку рано.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Јас не сакав да чујам за него; како можев јас селанче да одам во град , таму да бидам никој и ништо... би било смешно, не знаев да се снајдам и се плашев а, впрочем, и не сакав да се мажам толку рано.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ми се придружија Мацка, Весна и Тања, а сите други нè убедуваа да останеме уште и дека само клинците си оделе толку рано.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мислиш ти се плашам ако ги собереш така веѓите – си помислив – а и каква ти е таа глупост да се легнува толку рано?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не доаѓаш со мене? – ја праша Тања сестра си Вања, иако го знаеше одговорот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кутрата моја мајка, колку измачувано дете била.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Тетка Ети, извини што ти се јавувам толку рано, ама морав, зошто се загрижив за син ти. - Немај гајле пиле, запеа со нејзиниот милозлив глас, кажи во што е проблемот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)