толку (прил.) - неочекуван (прил.)

Но знаејќи си го Јована за штеркнат во умот, не само во тоа што не виделе ништо сомнително, туку, напротив, им станало смешно и жално за човекот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа се случило толку брзо и толку неочекувано, што тројцата железничари не стигнале дури ни да им викнат дека во погрешен воз се качуваат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вадим, збунет, стоеше крај масата; татко му беше крај него; месечината го осветлуваше.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
-Ова е толку неочекувано - чепкајќи ни самиот не знаејќи што, мрмореше Вадим.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сето тоа се случи со молскавична брзина, толку неочекувано, што јас и Абраш не можевме навреме да интервенираме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Прашањето ми дојде толку неочекувано што одвај се снајдов.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Уште од првите зборови кои ми ги упатуваше зрачеше силна охрабрувачка доверба од непозната читателка која толку неочекувано, силно и искрено ја прифати судбината на моето семејство како своја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)