толку (прил.) - наеднаш (прил.)

Беше толку наеднаш, тоа застанување во долгата врвица над него, што тој можеше да го види само следниот миг, кога тие стоеја, наредени една зад друга, свртени со бедрата кон него, полни со оној црвеникав одблесок, а тоа личеше како кога ќе се улови само еден од оние ретки мигови во гранките на трепетликата во летно попладне, кога сите лисја се застојани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како да заборави да одречува, толку наеднаш беше понесен од верувањето дека работите ќе појдат на добро.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Господе, како можеше толку наеднаш да оветви Јон во лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)