толку (прил.) - нагло (прил.)

Сега знам, но тогаш не знаев зошто толку нагло притисна на сопирачката и сврте во полукруг, чкрипејќи; ќе падневме двајцата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Речиси исто толку нагло како што си беше замислил, таа ги тргна алиштата од себе, а кога ги отфрли настрана, го стори тоа со истото она прекрасно движење како да беше отфрлена цела една цивилизација.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најголема загриженост може да предизвика насетувањето дека некоја “автентична” култура пак толку нагло и насилно може да се оствари на европско тло.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ниту приказните на Кети за мудроста и дарежливоста на природата, ниту утрото што беше накиснато во сончева светлина, ниту цвеќињата што се нижеа како да сакаа да ја утешат, не можеа да ѝ ја свртат мислата од кризата која толку бргу и толку нагло влезе во нејзиниот брак.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Паѓањето е толку нагло што им се причинува како да лебдеат во воздухот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)