толку (прил.) - мудро (прил.)

Татко ми, впрочем како придојденик во градот, без рода и блиски, ако се исклучат козите, тие туѓи организми во семејството кои со времето толку соживејаа и станаа дел од него имајќи го на ум брат ми партиец, сметаше дека не е толку мудро да се мешаме во политиката на домородците, зашто и кога ќе имаме право за некоја работа, тешко сите да ни поверуваат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Колку книги имаш прочитано, Филозофе, штом говориш толку мудро?“, го праша со лицемерна благост. „Не знам“, одговори Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Желбата на записот е повеќе да се опише отколку да се објасни, и за мене самиот, досегашното повеќедецениско молчење, здржаноста да се доискаже во стихови мојот однос кон Рацина и кон неговото пеење, поривот но и несигурноста на моето доближување до него, почитта па отаде и стрептежот од јавно кажаниот збор на што толку мудро ни укажа Блаже Конески, дрзоста и дораснатоста на младиот поет да проговори со јазикот на песната за Рацин, за Рацин што го пробуди во нас идеалот на јазикот и убавината на поезијата.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)