толку (прил.) - долго (прил.)

Нѐ наведува ли на мислата дека тој и таков бакнеж е престапен, недозволен бакнеж на кој, од друга страна на значењето, пак, толку долго се чекало?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Генералот се стресе, праша: - Долго ли спиев? - Само дваесетина минути... - Зарем толку долго?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Имаше периоди кога тепањето продолжуваше толку долго што му се чинеше дека најбездушното, најзлобното и најнепростливото не е тоа што стражарите продолжуваат да го тепаат, туку тоа што тој не може да се натера себеси да падне во бессознание.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Тето, решив! - брзаше Рада како да сакаше што побргу да го турне каменот што толку долго ја притискаше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сето тоа, најмила моја тето, беше пречка што толку долго не се видовме.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дури сега ибн Тајко ја доби сликата што толку долго ја исчекуваше како претсказание.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Секогаш им носеше да сварат од кафето што им го додаваше дубровчанецот, а што таа толку долго го толчеше со тешката ќускија од која рамењата ја болеа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не се ни обиде да ме потпрашува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Каде беше толку долго? – ме праша брат ми, несвикнат да ме гледа да се враќам сама од шумата. - Во Гоа! – му одговорив кусо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, ни тоа не потраа толку долго, колку што беше потребно, за да го узрее во себе дури ни тоа чувство, кога виде како по снегот наоколу почнуваат да се редат едно по друго и да нараснуваат во приближувањето десетина издолжени црни тела, сите со муцките впиени во сиромашката миризба на крвта, чиниш врзани за тоа испружено тело во снегот со некакви невидливи врвки, кои некој сега сите заедно ги повлекуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе го имаш пак само доколку си останал без тоа негде блиску, за да можеш да се повратиш; но ако си одел без тоа толку долго, за веќе да си имал време да ја свртиш браздата на твојот живот во сосема друга насока по која што те повела таа твоја загубена рамнотежа, тогаш повеќе ни еднаш нема да бидеш во состојба да го побараш и да го најдеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тишината и немото простување трае долго, а толку долго трае и немиот разговор на Пелагија со него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И на ова место таа се штрекнува од премреноста, ги расклопува рацете од пред лицето и открива многу очи околу себе што се чудат зошто толку долго останала пред Богородица.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Перса долго ги држи зборовите на малечката, толку долго што денот изврвува и стигнува Пелагија од работа и додека се пресоблекува и насекаде расфрла миризба од тутун, ѝ кажува дека малечката Пелагија е многу итра, дека зборовите се лепат за неа и ѝ будат секакви мисли, Вели со сукалото се сука пита, мазник, рашадија, а не живот! ѝ кажува Перса вртејќи се околу Пелагија додека оваа како пред сопствена мајка, ја фрла работната облека, ја открива својата стројна снага настегана во црниот комбинезон нудејќи се пред неа како нејзина ќерка без да насетува дека Перса токму како таква и ја гледа, и ломоти додека навлекува лесно фустанче на бела основа со сини цветчиња Ох, мајко Персо, сега таа е отворена за сѐ, нема нешто што не се лепи за неа, а смислата на сето тоа подоцна ќе го открива.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
За кого патуваат толку долго овие прекрасни играчки а?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И сѐ живее толку долго Само реката знае, само реката знае. А кога ќе посакаш да си заминеш кон полето ќе носиш на глуждовите белезици од пена.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се придржував за колата и така чекорев несигурно.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мислев дека по толку долго време што не јадев, оваа храна ми направи тешкотии.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И токму тогаш кога се чинеше дека непопустливоста кај Стојна надвладеала, таа му се искубе од рацете, втрча во полумрачната соба зад тремот, и речиси во истиот момент се покажа на прозорецот сосема подготвена, а веднаш потоа почнаа да го изведуваат она за што толку долго се канеа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не можела толку долго да ја остави куќата празна. Можел некој да дојде.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ние тогаш ни насоне не можевме да си претпоставиме дека ја минуваме границата која, како еден од најголемите балкански ѕидови-граници, ќе опстојува толку долго, како лузна на Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)