толку (прил.) - бргу (прил.)

Времето минува толку бргу, та не се сеќава како денот помина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Првото прашање не го боцна, па и второто, но третото му испадна сомнително.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Добро. Co кого си дојде и зошчо толку бргу; и а остави тамо неа?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Радосен што толку бргу и лесно се сврши целата работа, него место не го држеше, додека не ја види уште момата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А овие промени станувале понекогаш толку бргу, што победените немале време ни голиот живот да си го спасат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не мислев дека толку бргу ќе му ја откријам својата мака.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Историјата толку бргу се менуваше и толку изневеруваше што ретко кој можеше да ја проучува докрај.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
За час во сите ближни села толку бргу, ене, стигна тој несреќен и кобен глас.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ниту приказните на Кети за мудроста и дарежливоста на природата, ниту утрото што беше накиснато во сончева светлина, ниту цвеќињата што се нижеа како да сакаа да ја утешат, не можеа да ѝ ја свртат мислата од кризата која толку бргу и толку нагло влезе во нејзиниот брак.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Лебезјатников, затоа што ласкавиот и омразен од мене надворешен советник кој беше сместен покрај генералот Первоједов, се викаше Лебезјатников - тој мошне се врткаше и се чудеше дека овојпат толку бргу сите се будат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Накрај, покажа признаци на гробно воодушевување погребената утринава госпоѓа под катафалкот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но, рожбата на онаа набиена темничина, која знаеше и толку да уплаши за веќе да не постои никаков завет, зад кој би можело подлабоко да се засолне, тоа животинче, што сега ќе беше уште една жртва на сета расплисната и ненаситна глад, што се клештеше со своите завивања по сета снежна пустелија надвор, ако не беше неговата врата, тој долгоушко, со своите кревки, растреперени високи ножиња, не можеше толку бргу да го заборави оној, што беше останал да крчи од другата страна на вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одвреме навреме од длабочините на таа шума допираше само уште чкрткањето на некоја скршена гранка, или пак погибелниот писок на некој отчешнат пар, кој стивнуваше толку бргу, што се чинеше дека некој го придушил токму штом зинал да вресне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега мислеше и на тоа дека и заради нив, а и заради него, ќе беше подобро да ги испратеше малку подалеку, барем уште малку да им разгазеше, да ги пуштеше сами на почетокот на вистински добро сѐ со вишни стебла обрастената угорница, што синојка толку бргу ја слегоа само затоа што се стуруваа по неа, а сега ќе мораат да ја искачуваат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сето тоа стануваше толку бргу, што остана мошне зачуден кога чуварот пак ја довлечка растргнатата светлина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Зарем толку бргу! - се вмеша Светлана. - Ќе имаш ли време да се подготвиш?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како може толку бргу да се менува видикот на целата ситуација?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не запомнав друго место каде толку бргу умира детството. Проклет да бидам, ако постои некое друго место каде што толку бездушно се закопува детството.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога Marion Muller ја напиша својата статија во веќе споменатиот број на „U&lc” :”Се чини дека Frere- Jones e надеж за иднината”, не можела да претпостави дека тој тинејџер толку бргу ќе ги надмине неизвесностите на почетниот стадиум на дигиталната сфера и дека ќе го најде своето место во срцето на современото фонт-дизајнерство. Frere-Jones уште од самиот почеток знаеше дека фонт- дизајнерството не е уметност која изумира, како што анти- компјутерските луѓе предвидуваа дека ќе се случи, туку дека ќе остане извор на креативно задоволство, интелектуална стимулација којашто има и значаен јавен интерес.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
– Туку, ајде доста – се обрна кон забитот и беговите – терајте ги во апсаната и само по еднаш леб и вода на ден – и се врати назад во својата канцеларија со Јунуса, Рифата и буљукбашијата да ги распраша понатака како ги совлада, како толку бргу, кој им помогна и друго.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сигурно Суљо ги води разбојниците или ги носи нивните глави – па некако сомнително додаде: – Колку толку бргу сврши работа? – а кон гавазот: – Пушти го нека влезе – изусти и почна да си ја прибира косата под чалма и се поисправи на столот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Гавазот излезе и веднаш се појави на вратата Суљо-ага. Со длабоко темане и тој го поздрави кадијата како гавазот пред малку. – Сабанаролсун, сабанаролсун, Суљо-ага, бујрум. Кога толку бргу се врати?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тате за сето време слушаше, пееше или гледаше на сите страни, се држеше за нештата како сиот свет да е центрифуга која толку бргу се обрнува, поради која тој би можел да биде отфрлен во секој миг далеку од нас.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сега живеам меѓу “другите” и тоа е неверојатната приказна која морам да ја раскажам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Како личност јас бев потполно шокиран, но како уметник, којшто не е 100% вистинско човечко суштество, не ги доживеав промените толку бргу.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Истрчав надолу по скалите колку што можев побргу, толку бргу што веќе не се плашев да скокам по две скали одеднаш, како што може брат ми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Влегов внатре, каде што ме пречека лошата продавачка со синиот комбинезон.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Радосен е, рече, што ибн Тајко толку бргу напредува.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тодора не куцаше, но беше грда - една од причините што татко ѝ, стариот папуџија Јосиф, толку бргу реши да ѝ го стави огламникот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Очекував дека дружењето со Усните нема да потрае, но не замислував дека ќе заврши баш толку бргу.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)