толку (прил.) - брго (прил.)

Ногу е шерет, кој знае шо ќе посака, дали ќе крши лејка да се мажи толку брго!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Заповедајте, терзибаши, оваа риба, бакшиш ти ја праќат царо да си ја јадиш со дечињата и да чиниш доа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ете од тоа нешто, честити царе, толку брго шијам, што да не изгубам ни една игла, чунки рекле стари: ја брз терзија биди, ја брз питач, ја брз арамија.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Теливони да има човек пак толку брго не може да разбере!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама не веруам толку брго и да крши глава — да се мажи ... Не ми кажа, лебати, кој е тој толку завеан шо те пратил да и киниш пинците дури овде?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)