толку (прил.) - блиску (прил.)

Улицата Рансиен не е толку блиску...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Никако да се догледаме, а бевме толку блиску.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Клекна до горниот дел на креветот и беше толку блиску до него што тој можеше да го почувствува нејзиниот здив, а во нејзиниот здив беше и здивот на другиот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повесна и потресна е сликата од престојот на Христов на Балканот како дописник кога е толку блиску до неговото родно село Кономлади, на патот од Солун до Албанија со такси автомобил, кога гори од желба да се врати во селото и да го посети својот ”мошне сакан” татко; но носен од сознанието дека би можел да му наштети на својот родител од страна на грчката окупаторска власт, тој заминува со надрочени солзи во очите по патот преку границата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беше толку блиску до птицата што ако ја подадеше раката, ќе ѝ го допреше вратот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„О, ви пречам?“ „Не, не. Само подобро е да не стоиш толку блиску до ѕидот.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Стокмени во облеки и врски, избричени до гола кожа по главите за да ја прикријат својата ќелавост, седеа две момчиња веднаш до масата на Еразмо, толку блиску што нивниот разговор можеше беспрекорно да го чуе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога имав можност влегував со малиот Патрик во музејот каде што ми беше многу интересно и возбудливо да бидам толку блиску до големиот писател.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Јаве е и блиску е родното место, толку блиску што ми треба само да се растрчам, да ја прегазам рекичката што ги дели двете држави и да се искачам на Телок.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
“Супер, тогаш ќе сме можеле да правиме mènage à trois.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Одвратно! Како можеше да речеш такво нешто?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа беше толку блиску, еден добар бран можел да ја донесе веднаш до нас.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со своите раце ми ги тргна рацете од моето лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој за миг ги затвори очите, барајќи го она бестелесно женско суштество кое го наоѓал таму уште од времето кога се разделувал од детството, потоа ги отвори очите и се насмевна, наоѓајќи ме мене пред себе, и одново ги затвори очите и пак ги отвори, како да си ја потврдува сродноста помеѓу тоа суштество без лик, исткаено од светлина што трепери пред неговите затворени очи, и мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше до мене, толку блиску и толку далеку.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Градите ни се допираа пред да ни се допрат усните, си бевме толку блиску што ми изгледаше дека од целиот свет постојат само очите на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше глас, во кој стоеше и презирот кон страот, што е толку блиску до нив. Тој воопшто не кружеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И самата не знаеше како ѝ избегаа од устата тие пакосни зборови што беа толку блиску до клетва и прокоба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Долго и мачно ѝ врвеше времето на Ѓувезија Дубровска.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Големата вода беше пак толку блиску, се колнам, таа беше во нас.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ах, кога би била многу нешта, кои би биле толку блиску до тебе, би била цел еден универзум, безконечност би биле Јас и Ти.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Образот ѝ беше толку блиску што речиси ја чувствуваше неговата топлина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби сепак не го следи; можеби е случајност што седи толку блиску до него два дена едноподруго.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кругот на маската сега веќе беше толку блиску што од него не можеше ништо повеќе да се види.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А и не е толку блиску... многу често да одиме... Трошок е.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Надежи и желби што се толку блиску на дофат што престанав да ги изговарам за да не ги исплашам и набркам.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Мајка никогаш вака не зборувала, не била толку блиску до Бога.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А и друго: ако манастирот го земе Кралството на СХС нејзината гранична линија би била толку блиску до важната албанска сообраќајна линија што ја поврзува Корча со Елбасан, што од стратегиска гледна точка, би била загрозена нејзината безбедност.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Секој е толку блиску со оној до себеси и истовремено секој збор што вреди допира до ушите на сите.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа еден на друг не си го доверија, но веруваа дека Французите, сега кога се толку блиску до своите домови, сепак ќе ги пуштат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Исчезнатиот облик, изгубениот човек умот ти го надлетува се вртиш занесено и неутешно а сенката твоја се одразува толку блиску што ти недостига растојание да си пријдеш крилјата да си ги собереш!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сега кога сум толку блиску до тебе, сега кога заедно дишеме, сега кога исто гледаме, сега кога сме едно, сонот умре, а ти остана човек без лице и име.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога душата ми е разголена и сите мои молитви и благослови се толку блиску до тебе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не можам и не сакам да заборавам, а чувствував тогаш и чувствувам сега после толку многу години дека искрено се сакавме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
-„Колку може да биде скапа надежта на двајца млади луѓе?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Љубовта беше искрена, чувствата беа вистински, чувствувавме страст, интимност, посветеност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И заспивам кога длабоко во ноќта ќе ме покрие нежниот, суптилен шепот:“добра ноќ и сонувај ме, некаде далеку, а секогаш толку блиску на моиве гради”.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Те чекав на крајот од сонот, беше толку блиску до мене, го допирав твоето лице, на глас го изговарав твоето име, ти го чувствуваше мојот копнеж да те претворам во совршенство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Чичко Тони можеше лесно и неа да ја удри, како што седеа толку блиску една до друга со Ане.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дури кога стигнав до нив толку блиску за да можам со рака да ги допрам, облачето што ја затскриваше месечината се подистави и јас видов...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој што доаѓаше се доближи толку блиску до нас што дури и го почувствувавме мирисот на риба и на лук од неговата уста.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Грозно мирисаше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)