толку (прил.) - безнадежен (прил.)

Толку ненадејно одекнуваат истрелите и толку безнадежно се распрснуваат брзите гулаби што ни морето моќно што секој час се враќа да здивне на брегот не успева да ги прибере во пенливите води ситните парченца земја.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Вака, сето тоа ти е толку безнадежно, што јас цел ден денеска само ти се чудам.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека беше надвор, додека се бореше, додека се надеваше на нешто, иако преплашен, не се чувствуваше толку осамено, толку безнадежно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)