толку (прил.) - смешен (прид.)

Таа е толку смешна, толку гротескна историја и потребен е навистина сериозен напор и идеолошки занес за да им се замерат толку луѓето на козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Чекај нешто да смислам. - Добро, смисли, - рече Карамба-Барамба. - Јас за тоа време ќе ручам.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Сум влечел такви кои биле толку смешни, што немале веќе ни форма, ни облик ни вкус...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Наеднаш значајното лице почувствувало дека некој го зграпчил мошне силно за јаката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Палјачото ѝ беше толку смешен на сенката што таа се засмеа, се заниша на гранката и тресна на земја како презреана дуња.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Исполнет со задоволство, тој згора- згора се потсетувал на сите оние весели моменти од поминатата вечер, сите оние зборови што предизвикале кикот кај неголемиот круг; голем број од нив тој дури и ги повторувал полугласно и заклучил дека тие се исто толку смешни, како и претходно, и поради тоа не е чудно што и самиот си се насмевнувал од длабочината на душата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)