толку (прил.) - празен (прид.)

Зборуваше со вистински занес, но тој занес беше сожалувањето што го почувствува за стариот мајстор, толку уважен, толку оцрнет, толку прочуен и затоа толку празен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Минаа толку празни, тешки и тажни години.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
(И Јаже беше сличен обид, но од други причини: Хичкок се обиде да го реши проблемот на пренесување на театарска претстава на екран) .
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Зарем не е несериозно времето да си го арчите во толку празни бладања“.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И не само тоа, туку и кадарот е толку празен и неврзан што велам: „Е, ако тој е сѐ уште расположен - без разлика како е расположен - носете го низ кадарот во крупен план, но тоа негово расположение задржете го на екранот”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Обајцата знаеја дека нема да се видат повеќе. Парацелзус остана сам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нешто, со кое цврсто стоеше на земја, сега пропаѓаше во него и тој беше лесен, но не лесен од што му беше лесно ами празен, толку празен што можеа да го однесат и облаците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)