толку (прил.) - потребен (прид.)

Историјата на различни човечки души врз кои се калемеше натрапничката историја, забрзана да ги открие нивните тајни, толку потребни за новата вистина на победниците.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но, сепак, овие трошоци не го премислија, затоа што сумата на неисплатени плати му беше неопходно потребна за да ја направи толку потребната хируршка интервенција на срцето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сепак, за да им даде на знаење на Акиноските да не полагаат премногу надеж во неговата наклонетост, а веруваше дека на тој начин пред своите високодостојници ќе ја нагласи и својата лукавост, Мустафа Челеби, преку разните свои собирачи на приходи, им порача да си знаат дека не ги потурчува не зашто не сака да го стори тоа, туку дека си има своја скришна сметка: ако ги преведе во ислам, ќе мора да им додели турски благороднички титули, а со нив да им ја остави на целосно уживање и Потковицата, или да им додели нов имот, а тоа, за него, ќе значи загуба на сигурни приходи, толку потребни лично нему, на Портата, и на војската, за честите воени походи во Европа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Одењето, движењето и чекорењето му беа исто толку потребни колку и дишењето, а сепак се чинеше дека секој чекор што го правеше, ја навиваше пружината во него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но, мене токму тоа ме плаши оти креативниот сон, толку потребен на театарските дејци, може лесно да стане идентичен на оној на книжевниците, то ест на оние, кои само покриени со туѓи пердуви, можат да засонат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Трошоците за спорот влијаеја на Величковски при помислата за покренување на тужбата – затоа што, сепак, не се работи за малку пари.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)