толку (прил.) - поголем (прид.)

Колку по грешна е помислата, толку поголем број камшици следувале.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Како ни велеше ти? Колку човек повеќе и поголеми страдања ќе претрпи за светата вера Ристосова, толку поголем божји угодник ќе стане.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И колку поблиску е колоната, толку поголема е турмата што во навалица надотекува кон џадето од бараките и коњушниците.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А колку помалку се познаваме толку поголеми ни се разликите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Барем го затскрила она што сум го правел, за срамот да не ми биде уште толку поголем.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа, кога влегуваше на час точно навреме, им се насмевнуваше на учениците и тие гледаа во неговите два огромни предни заба, строго концентрирајќи се само на нив, а не на изборот на кошулчето, вратоврската, панталоните или каишот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)