толку (прил.) - значаен (прид.)

Како филозофи­јата или науката, и литературата не е просто една меѓу институциите; таа едновре­ме­но е и институција и анти- институција, на растојание од институцијата, на полето на аголот што институцијата го затвора со него самиот за да се оддалечи од самата себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не прашувајте ме каква, бидејќи за тоа во оваа прилика не би зборувал, а, впрочем, тоа непрекинато се обидувам да го направам на друго место, во речиси сите свои текстови. 4Зошто литературата за вас беше толку значајна? 4Она што мене ме интересираше (но зошто ми сугерирате да зборувам во минато време?) беше чинот на пишувањето, или, претпочитам, бидејќи во целина и не станува збор за чинот, искуството на пишувањето: да се остави трага која се одрекува, која дури можеби и е наменета на одрекување од сегашноста на okno.mk | Margina #11-12 [1994] 33 своето изворно запишу­ва­ње, од својот “автор”, да се изразиме така фалично.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Другата личност беше еден човек по име О'Брајан, член на Внатрешната партија, кој заземаше некаква функција, толку значајна и далечна, што Винстон имаше само нејасна претстава за нејзината природа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не ми е јасно зошто сега ми станаа толку значајни тие смешни, но удобни гумени бели влечки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Јас тука, од мојот скромен поетски опит, ќе се обидам само да си ги преповторам себеси толку познатите и толку значајните белези со помош на кои поедноставно сум си ги разрешувал своите бројни дилеми во процесот на создавањето на песната.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И навистина, зачудува фактот како можело со години да се подготвува една крупна револуционерна акција во еден толку значаен град, полн со странци и дипломати, голем поморско-трговски центар, каде што полицијата секогаш била будна и на штрек, прочуените Хамидови агенти да не се посомневаат и да не откријат ништо.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Да е Игбал од овие нашиве момчиња сигурно би ми рекол, ај не зафркавај, не занесувај се, не сум јас толку значаен колку што тврдиш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Секогаш сум мислел на средновековната хералдика, којашто со векови била толку значајна, а денес е тотална мистерија скоро за сите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Досега не сум забележала дека доручекот игра толку значајна улога, не од медицински или нутриционистички аспект, туку во мерењето и доживувањето на времето, истекувањето на минутите, часовите, деновите, месеците и годините.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Луј Фердинанд Кога 1981-та во извонредната Нолитова библиотека на романи, се појави Патувањето на крајот на ноќта, тоа беше толку значаен културен настан што следните години целата тогашна книжевна сцена на СФРЈ беше обележана со генијот на Селин.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Заминувам утредента рано, со внукот Бујар, кон македонско-албанската граница кај манастирот Свети Наум, топос, толку значаен во семејната историја на двете страни од границата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Млад граничар го гледа пасошот и вели: Имаме исти презимиња.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Бев горд што ми е доверена толку значајна задача.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Дали може да се рече со сигурност произлезена од една книжевна аргументација, дека духовните врски на Чинго со советските руски прозаисти е толку значајна и видлива?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Досега не бил повикуван на толку значаен состанок. Што ли ќе биде ова?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На неговото лице му се беше појавил толку значаен израз, каков што Акакиј Акакиевич уште никогаш не беше видел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Никогаш Мајка не ни зборувала толку многу и за толку значајни настани од историјата на семејството. Ние сега си се чувствувавме позначајни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)