толку (прил.) - жесток (прид.)

Толку е вистинска а истовремено и толку жестока, без секојдневните шминки со кои толку умешно ја нагрдуваме.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Некои од љубопитната публика сметаа дека ние сме необични луѓе, а други веројатно претпоставуваа дека ние ќе се натажиме, дури и ќе почнеме да плачеме и молиме за милост поради смртната пресуда која за нас беше повеќе спас отколку казна, зашто затворската самица е толку жестока казна што смртта се јаува како спасение“186.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А можеби стаклото самото се свлече пред мојот жесток јад и пред возбудливата немоќ на стадото, кое охрабрено од моето присуство јурна да ми помогне.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Поради нив се трудиме да бидеме толку убави, толку жестоки?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ако Татко, можеше да ја разбере градбата на хидроцентралите на реката во родната земја Албанија, каде сè уште царуваше сталинизмот, не можеше да разбере зошто во земјата, која се ослободи од Сталин и се отвори кон светот, на толку жесток начин беше прекинат патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, дури и да работел во ноќната смена, неговата основна работа беше... па така директно наеднаш не можеш ни да се сетиш како да ја наречеш таа професија; со еден збор, беше тоа толку жесток процес што тешко се формулира, и кој е полесно да се раскаже.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Најверојатно не се занимаваше со ништо, бидејќи внатре во ѕидините на Донскиот манастир можеше да се види и наутро, и преку денот, и навечер, единствено ако непрекинато работел во ноќната смена...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)