толку (прил.) - длабок (прид.)

Ќе го искршиме првиот ќунк на парчиња и ќе ги раз'рваме другите по него и така ќе се промолкниме еден по друг. А ми рекоа дека надвор од двориштево ѓеризот е ѕидан со плочи, четвртаст и толку широк што не ќе има потреба да го прошируваме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ние зимава треба да ископаме овде во еден ќош една дупка толку длабока.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Конструктивистите не им веруваат на толку длабоките структурални објаснувања и својот поглед го насочуваат кон социјалните, економските, политичките и културните судири во историјата, за да можат да го интерпретираат и анализираат оформувањето на идентитетот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Така ли е, ти си останал жив, иако си испил толку многу апчиња. 6 За несреќа, тој период бев во толку длабока емоционална фаза, во суштина, многу осамена.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тоа на Французите им остави толку длабок впечаток што патот кон Ливаше го продолжија зашеметени.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Снежните наноси биле толку длабоки што ги затрупале клисурите и тогаш планините ги изгубиле своите вообичаени форми.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Долу, во приземните простории, двајцата копачи, и Коле машинистот, ја спиеја кај мене во Маказар последната ноќ, спиеја во длабок сон, толку длабок и тежок, што не им даваше да сонуваат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Промената кај него беше толку длабока и суштинска, што и нему му требаше време за да се запознае, а бидејќи такво време немаше, се однесуваше како измрзнат туѓинец што тропа на усамена куќа за да се стопли.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој беше толку длабок во својата генијалност што гледаше напред, беше свесен за моќните промени што ќе се случат по неговиот живот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Имал работа со такви ѕвериња повеќе пати во својот живот, честопати знаел да ги лови, а неколку пати му успевало и да ги улови, но сепак не можеше да каже со сигурност дека кој било од оние уловените оставал зад себе толку длабока трага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Водите беа кристално бистри, не толку длабоки, и го покажуваа езерското билно царство со преливите на невидени бои во кои царуваше синилото и зеленилото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ова мислење во ноќта, толку длабока ноќ... Којзнае дали немаше да се загубам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Толку е едноставен патот. Без плоштад, без Бурглос. Тука ние, таму Елса Пијаџо.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мажот и жената се држеа еден со друг како да се сопнале на работ на некој неза-мислив гребен што гледа во бездна, толку длабока и мрачна што како да немаше крај.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)