толку (прил.) - далечен (прид.)

Маргина 36 59 Болничкиот автомобил, така беше наредил, треба да се вози по патот навака-натака; беше заклучил дека му годи неговиот звук: беше толку далечен, беше тоа како некогаш, заминување во непознат град.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Успеав некако да се соземам, иако малку ми се вратија емоциите кои после еден месец се чинеа толку далечни.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сега го држам твојот пиштол во рака, во џебот од јакната, а рацете ми се чинат толку далечни. Одвоени.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Затоа мене мојот пат до целтта ми изгледа толку далечен и несовладлив, но како да го сфатам тоа?
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа беше прво и единствено наше патување на толку далечна дестинација, во бизнис класа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Среде темнината и студот на ноќта во која тој сѐ уште чекореше, оти сега и топлата селска куќа беше исто толку далечна колку и сеќавањето, тие нејзини гради светнаа за миг, побели и помеки од снегот под неговите нозе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Една вечер се случи нешто невообичаено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од сонување ми беше преку глава, а тој „еден ден” ми изгледаше толку далечен, што ме фрлаше во уште поголем очај таа нејзина, божем утешителна реченица.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Знаеше секоја таква работа, која беше толку далечна од зборовите, што се чинеше дека никогаш не може да се дознае, а сепак, тој ја знаеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги шепотам зборовите засекогаш, прв ден, вчера, а можев да речам и сега, па дури и штотуку, (ги шепотам без одредена намера, дури и без некое посебно чувство сите овие толку далечни и неодредени зборови) а сигурен сум дека тагата и немирот никогаш не почитувале временски и други определби.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем ваквите состојби, што ги предводи тагата и вознемиреноста, немаат дестинација, не знаат од каде доаѓаат, ниту пак каде и кога треба да запрат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Откоа сториле ош - беш со сонцето, го прашало сонцето зошто се мачило толку далечен пат што патуало и дошло до него.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Царев син му кажал на сонцето како што нпраил татко му еден ауз со шербет и поканил сите девојчиња да си леат шербет бадијала за како од како тој да бендиса некоја убаа девојка и како што врлил со јаболко на корупката од јајцето и како што го проколнала старата да земи неродена од мајка девојка.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Вистинско маче, мачки, ех, ни јас не ги бркам, барем не ми се годините за тоа, воздивнува К* додека се’ повеќе се оладува, ама да ме видеше некој додека бев помлад, се потсетува К* на деновите на својата не толку далечна младост, повеќе правејќи се важен пред самиот себеси, отколку што навистина сеќавајќи се на минатото, а и мачето не е премногу старо, си мисли К*, иако за мачешката возраст, таа би била вистинско маче, ја пребројува К* разликата во години меѓу нив.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Па кој паметен кај нас не го помислил она што и Крлежа во не толку далечната четириесет и трета: “Веќе со години се прашувам зошто не сум отпатувал од овој мал град каде што сѐ ми е туѓо (...) Тука сум туѓинец како да сум допатувал од друга планета, и тука јалово се тормозам со години веќе”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сепак, неговата позиција vis-à vis Хајдегер не е толку далечна како што би можело да изгледа на прв поглед.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Овој град, Струга, толку беше блиску просторно, не повеќе од дваесетина километри од родниот град Поградец, а толку далечен по неизвесностите што ги носеше по новиот живот на семејството.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сега, куќата долу беше исто толку далечна како и кој и да е ден од минатото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)