толку (прил.) - висок (прид.)

Сулејман ага посегна толку висока што немаше место за пазарлак.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Меѓу другото во него ќе истакне дека „никогаш во животот не сум видел толку висок морал како кај вашите борци во нашиот заеднички поход“ како резултат на „вербата во победа“ и „вербата во своите раководители“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Половината од тие 400 иљади невработени се од машкиот пол, а 80 проценти од нив може сесрдно да дадат придонес во донација на таа течност за која нашата држава издвојува толку високи суми.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Компјутерските графики денес имаат толку висок степен на реалност така што јасните слики го евоцираат терминот виртуелна реалност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Овде даваме скратен приказ на неколку: Симулација.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Полиците се толку високи што, си помислува Едо, во секоја од нив собираа по цел диференцијал.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Стоеше под гола мошне разгранета липа и под безбојната старомодна наметка на толку висока како што мислев дека е, без јасен лик и со спуштени раце, неподвижна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сега снежните ѕидови од левата и од десната страна беа толку високи, та Бојан меѓу нив не се ни гледаше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Посредуваат стварност со толку висока резолуција што навистина не може да се препознае, дури ни од аглите на очите, дали е она што го гледаме материјално или електронско.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Знаеше многу добро што значи еден таков пат по еден толку висок снег, што можеше да биде длабок и неколку метра под него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа еден таков морничав страв од височините, а во соништата тој му се прикраде така, што секогаш се изнаоѓаше себе си осамен и несигурно стапнат на скелето на една толку висока градба, која ја имаше височината на сите оние недобројни зданија, создадени од него, уште од неговото детство, наредени едно врз друго, од кој наеднаш тие скелиња почнуваа да се отпетлуваат, бетонските плочи остануваа да висат над провалијата, тулите се трошни под неговите стапала и тој онаков малечок, навистина пргав, кажав, но наеднаш толку мал и страсен не можејќи да стори ништо друго против тоа, се отпушта оттука надолу, во онаа бескрајна празнина под него, која чиниш со жед го впива во себе неговото до непостоење лефтерно и ситно тело...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но на неколцина старци, не толку високи колку суви, Онисифор Проказник им се сторил постар од своето старешинство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го следеле животот околу себе со возбуда испливана од под мразот на зимската притаеност: и најстарите дрвја се подмладуваат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Притоа тој тупна со ногата кревајќи го гласот до толку висока нота, што дури и да бил некој друг на местото на Акакиј Акакиевич, би се исплашил.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А значајното лице, задоволно од тоа што ефектот го надмина дури и очекувањето, и сосема занесен од мислата дека неговиот збор може да предизвика несвестица, крадешкум го погледна пријателот за да дознае на кој начин го гледа тоа, и задоволно виде дека неговиот пријател се наоѓа во најнеодредена состојба на духот и дека и самиот од своја страна почнува да чувствува страв.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- во тој град пристигна ревизор со мал раст, се побуни, стори што требаше и постигна да го осудат овој, впрочем, сосема достоен човек.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во друга околија, исто толку висок градоначалник страдаше од невообичаено голема кила.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)