толку (прил.) - броен (прид.)

Допушти ми да ја преминам пустината.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Малку ми е потешко кога ќе го видам медиското дизајнирање на државата како жртва, додека во исто време човечките жртви се толку бројни и анонимни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Елементите на природата на градоначалникот се толку бројни, што секако, не е можно еден човек да ги опфати.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Прикажувајќи го изнесеново погоре, јас чувствувам дека си го извршив долгот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„За Неделата на омразата. Околу една четвртина од платата мораше да биде дадена за доброволни прилози, кои беа толку бројни што беше тешко да се запаметат сите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Силите што беа за помирлив тон со козарите и козите не беа толку бројни и гласни, зашто се плашеа од изразито антикозарските кадри, кои беа готови да ги манипулираат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Парацелзус се насмеа. – Моите зломисленици, кои не се толку бројни колку што се глупави, велат дека не е така и ме нарекуваат измамник.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)