толку (прил.) - љубов (имн.)

Бевме во годините на неискуството, кога уште се мисли со срцето, кога беспоговорно се верува во мислите запишани од философите, кога како свои се чувствуваат сладоста на стиховите заплиснати од радоста, и горкоста на песните исцедени од очајот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дали имаме толку браќа, вели, и толку љубов за сите?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имам толку љубов за сите, што ми е страв да ја искажам некому, зошто ќе мислат дека сум луда.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тогаш зборувавме за стравот, и за толку многу други нешта; минувавме денови во кои, како што ги испитувавме нашите тела, како што ги пребарувавме телата откривајќи од каде толку љубов токму кон тоа тело, така си ги пребарувавме и душите: сакавме да знаеме што значи за мене, а што за него, болката, и што значи задоволството, се прашувавме и потпрашувавме што е љубовта, а што неверството.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Непријателот не беше толку љубовта, колку еротиката, и во бракот и надвор од бракот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)