толку (прил.) - го (зам.)

Што толку го влечеше кон ќерката?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Чекаше Вадим и Ирина да заминат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сестричките толку го сакаа, што нигде не го пуштаа да оди сам. Каде и да одеа, сѐ за рака го водеа...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И толку го обнадежува што ја виде сама.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во тоа време пците почнаа да лаат, но бргу се смирија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дедот Јован сакаше да се исправи да седне, но болките во ребрата, особено под левата мишка, толку го стегаа, та само се налакти па десната рака и “ почна пак да се правда: — Не знам, ефенди, не знам. Ни Толе знам ни Толевица.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Увезените турски сапуници толку го шашардисуваа Македонецот што улиците во вечерните часови во градот беа речиси празни.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Не ни можеле да претпостават - дека таа толку го сакала.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во некои од издавачките куќи во кои Вулкански и јас се обидовме да го објавиме бевме нерадо дочекани, а една од нив издавајќи го толку го упропасти со дилетантскиот и полн со омраза технички третман што отпечатеното немаше ни 30% од вредноста на цртежот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Не знам зошто толку го сакаше среброто.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Беше вистинско време за сребрени мисли.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Купи и конзерви со сребрена боја и со неа избои сѐ, вклучувајќи ја и ВЦ шолјата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Спилберг и друг пат го правел тоа; главните херои во ИТИ јадат точно одредени колачиња.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Толку го погодило тоа кога чул дека жртвата бил Кенеди, што веднаш отишол дома; а сега сакаше да знае како јас можам да бидам толку мирен, иако сум му ја раскажувал приказната за Индија каде видов многу луѓе како лудо се забавуваат бидејќи починал некој што навистина многу го сакале, и дека тогаш сфатив дека всушност сѐ зависи од тоа како ти самиот ќе ја прифатиш ситуацијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Главно се наоѓаше во состојба на распаѓање - посебно ѕидовите беа во лоша состојба.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Малку подоцна ми се јави Хенри Гелдзалер и ми кажа дека ја чул веста во некој ресторан додека ручал. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 165
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Истиот филм имаше и една од најголемите “tei-in” акции откако постојат пазарот и маркетингот - промовираниот производ беше морнаричкото воздухопловство!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имено, овој род на американската војска сите објекти, бродови, авиони и статисти бесплатно им ги даде на филмаџиите, okno.mk | Margina #11-12 [1994] 105 но, од друга страна, филмот толку го изгради имиџот на пилотите што години потоа школите на воздухопловството беа буквално претрупани со кандидатури!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сликарот дојде и последниот ден, пред да го напушти овој крај, да се обиде уште еднаш, да оживи на своето платно барем дел од она што толку го возбуди овде...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сето доживеано вечерва беше вистинско, што толку го сакаше, по што толку копнееше нејзиното срце.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но каде беше таа што го покани да дојде и која синоќа толку го трогна со исповедта за нејзиниот живот да не можеше да ѝ каже потоа зошто ја повика во својата ложа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
При сѐ што толку го проучувате човечкото тело, што ни еден посмртен прдеж не може да ве одмине незабележан, сепак има нешто што ви бега низ прсти.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таму беше вирот со итрите пастрмки што толку го предизвикуваа Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се напило убаво и брзо го свртело опавчето, да си ја избрише устата и мустаките но помрднувајќи го толку го здоболело што спискало колку што го држи глас.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Најмногу ме мачи сознанието, дека еве и сега, од оваа раздалеченост не сум сигурна каква требаше да биде и што да содржи приказната што требало да му ја раскажам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вистина е дека мојот Човек го имав како раката што си ја чуствував додека ја кревав за да му го допрам челото и да му ги слушнам желбите; го имав како очите што си ги имав за да ја симнам темнината од неговиот сон кога ќе посакав да му го видам лицето, толку го чувствував близок иако отсутен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па како тогаш да ја подржувам авантурата на синот кој наумил да трага по вистината за татко му кога и јас во таа вистина имав само наѕирнато?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со моите мали и речиси никакви познавања на патиштата по кои замина за да се загуби а можеби и да исчезне засекогаш човекот што толку го засакав, на што ли ќе му заличеше тој човек за кого ќе тврдев дека му е татко?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Притоа воопшто не ме обескуражуваше фактот дека не можев да си ги замислам нештата што ги бркаше за да ги достигне; напротив, си го придодавав правото да верувам дека сепак го знам, дека го познавам барем онолку колку што себеси се познавам, а притоа, вистината ви ја велам, дури ни вистинското име не му го узнав на мојов Човек, бидејќи тој ми рече а јас му верував дека така било подобро и за мене и за него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дишев од опојниот мирис на Париз којшто толку го сакав, но таков Парис каков што јас го сакав, а не оној Париз од мрачната и задимена соба на Ангела која штотуку ја напуштив.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Кога го читаше Бајрон почна да накривува, после Бодлер ја обои косата во зелено, а средбата со загадочните Франц толку го потресе, што веднаш на Вера својата платонска љубов од женската гимназија, отпочна да ѝ пишува долги писма, насловени со „Милена“!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Имаше привлечен изглед и толку го сакаше женскиот пол, што речиси двојно го зголеми бројот на жителите на Глупов.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Микалаyе, кнез Ксавериј Георгиевич, Черкез, потомок на сладострасната царица Тамара.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ударот од истрелот за малку што не му ја исфрли пушката од рацете, толку го изненади.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оваа група на фанови денес е малубројна, ама затоа пак ние кои што толку го сакавме неговиот сиромашен роднина Пајо, сме во мнозинство.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ова толку го мачеше и му стоеше над вратот како џелат со кренат меч.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Знам веќе, семејство, но сега наместо да си на мојата страна а против нив, ти се приклонуваш не оставајќи ми време за било што, дури ни да се помирам со судбината и да се привикнам, се појавуваш вака, водата капе низ тебе, сивата вода на невремето и студенилото, обесхрабрувачко порекнување на нешто што толку го чекав додека постепено се ослободував од твоите браќа и сестри обидувајќи се да ги сочувам силата и ведрината, да имам џебови полни со пари, да смислувам каде ќе одиме, пржени компирчиња во оној ресторан под дрвата каде што е толку фино да се руча покрај птиците и девојките и стариот Клемент што го препорачува сирењето проволоне и понекогаш свири армоника и пее.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Некој што го сакам многу. Исто толку го мразам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На некои места толку го има оштетено ѕидот што се заканува да го поткопа и урне.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Колку што знаеше Александар исклучок беа само тој и Дејан, кој, сепак колку – толку го познаваше со Тодор, дури и за време на демократијата еден период му беше уредник во "Градски репортер".
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Народот, или барем поголемиот дел од него не беше будала и сосема добро знаеше како живее еден висок гардиски офицер, ама неофицијалната забрана за манифестација на личното богатство и сè она што оди со ваквото фалбаџиство, колку – толку го смируваше.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
А самовилата со својата волшебна убавина и самовилски танец толку го маѓепсала та со очи оџарени легнало во нејзиниот скут.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Навистина големи пари ќе се вртат кај Облекувањето филмовите, ТВ емисиите и книгите тогаш, кога компјутерска облека ќе малиот човек ќе може да купи евтини помагала, биде во историјата на со кои што ќе може самиот на екранот да човештвото исто толку го направи она што го прават ѕвездите и важно, колку што било режисерите. важно нагрнувањето Денешниот просечен Американец минува седум кожа во палеолитот. часа дневно пред “идиот-кутијата”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На ова огниште што толку го влечеше и истовремено го тераше да побегне неповратно од него.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не можеа да поверуваат во тоа што го слушнаа од Марија. Толку го беа засакале Хелвиг.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тоа толку го притискаше, та иако имаше одвај триесет годиии, почна да белее. Но немаше каде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но кога виде дека Крчо заради неа ја остави татковата куќа и се пресели кај сестра си, уште толку го засака и се ослободи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Попот се откажа и од ќерка си Бисера што го прибра Крлета и еднаш, кога таа отиде да го види, да му ги земе алиштата за перење и да му занесе едно грне кисело млеко, толку го налути кога му рече в очи оти тој е крив, а не Крсте, — го грабна од полицата грнето, и го удри од глава и ја истурка низ врата со полна уста клетви: — Еве откаде дуел ветерот шо ми го подветрил детето, да даде господ нека срдешница да а вати!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тука го препозна Трајка дека тој го удри по глава кога му влегоа во конакот да ја спасуваат Анѓа и уште толку го зацврсти решението него да го осуди на смрт и со тоа да се одмазди за сето она што му го направија Мариовците за овие дваесет и седум години борба. – Што велиш сега, Анѓо?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Попот прочкрта со забите и ја заврте главата настрана да не го гледа не кадијата, ами новиот бег Јунуса, кого уште кога се предаде го позна дека е ланскиот калуѓер од света Богородица и толку го замрази, што не можеше да му го гледа суратот, па ништо не му одговори на кадијата. – Не зборуваш, а? – му се врекна кадијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На Еда му се смачи. Горештината толку го имаше исцрпено што чиниш ни буква од главата не можеше да потфати за да ѝ ја плукне на Летка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Лијам не можеше да каже што толку го налутило сè додека Су не му принесе на барот голема кригла со пиво.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во тоа навистина би уживал. Тоа толку го посакува што таа желба добива некоја мистична моќ.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така на Есхил, синот на Еуфорион, и првиот од големата тројка, смртта му дојде од небото, ширното небо што толку го почитуваше.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Сето тоа толку го измори, што веднаш заспа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Чадот, жолтеникав и мирудлив, толку го смирува што Пандо може по цели часови да лежи под сенката на старата подгниена слива, да гледа во небото, во облаците, во летот на соколите и, без да му трепне око, да ги слуша лелеците на жените што ги оплакуваат своите најблиски.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ама толку го исплашил, што ги почекувал луѓето колку што се може и никогаш на никого рака не кревал.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но не може да се рече дека сите толку го сакаат колку што зборуваат за него.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Навистина не разбирам зошто луѓето толку го озборуваат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Некои од оние што ги пронашол толку го измачиле во потрагата што не се сеќава ниту каде ги пронашол.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А самата таа толку го сакаше животот и убаво си го проживеа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Како што велеше баба Велика „Гости сме на овој свет, дојдени сме за мака“.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Ех, Лета, Лета, не разбирам, толку го сакаш, а така се однесуваш со него? – се чудев.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еве, на пример, воопшто немам желба да одам на филхармониски концерт и му се чудам на бато што толку го интересира таа музика и како може да му се допаѓа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми од срце се изнасмеа, онака како што јас многу сакам да се смее: гласно, силно, баш од срце.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Што има врска тоа, јас навистина го сакам – продолжуваше таа да ѕирка насекаде по дома. – Ќе го најдеме, ќе видиш – беше сигурна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не знам зошто толку го сожалував.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)