толку (прил.) - сме (гл.)

Ете, као што се гледа, толку сме: шестмина. За неколцина помалку од дружината на Бузо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- А, тебе? Тебе ти недостигаат твоите кога си на летување? – праша Игбал. - Да. Понекогаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не разбирам, ако толку сме им недостигале, зошто отишле без нас? Кој ги терал?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Толку сме, колку што изгинавме некни, вчера и денес... толку сме, колку сме сега плус тие, кои изгинаа за да не падне ридот, ама паднаа тие...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас не сум јас и ти не си ти. Јас сум ти, ти си јас. Толку сме туѓо наши. Ничии, а сечии. И сепак... само свои.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
БОРИС: Уште колку души има по куќава? МАТЕЈ: Толку сме ама одбрани.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)