токо (прил.) - којзнае (зам.)

— Море ми, да ве пушчиме, токо којзнае дали сте за вера; да не ни донесете некоа беља, оти едвај истераме едни силници, сакаа да не изгазат преѓеска.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најстина, го рекле старите: зет — како мед, токо којзнае пак каков ќе се погоди, та може и лошо да си пата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Абре, ако му е толку тешка работата, да права себап, ефенди, токо којзнае дали ќе и врата, пустиљите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море го направи, Доле, кусур господ да ме направе, токо којзнае шо ќе речат виа орјатки — еснафките; којзнае дали не ќе ми се сторе некој ќодер на чупето, којзнае, само меѓу волку машки магарчиња едно женско дали не ќе ми го напаѓаат?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— А бре сполај ти, чичко, токо којзнае дали и тебе Белоперевци не ќе те врзат ако дојдиме кај тебе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И да видите, луѓе, фатија место Толевите совети.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе си одат Турците, море, за одење, токо којзнае какви ни се ружаат да не вјанат по ниј!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Да кажуам, токо којзнае дали ќе излезе мојот план.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Митра сака да го наведе Трајко на слизгавица и му вели: — Море ми, не правиме лошо едниот од нас да одиме да му го топлиме грбот ноќеска, токо којзнае да не му дајме пак некоа живина, оти не сме преслечени брго.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, море, ете, и мене ме довеа ветерот овдеа, токо којзнае како ќе поминеме — одговори Толе и се предаде наполно на Јована.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
—Море дојду, внучко, токо којзнае до каде ќе излезе ваа наша работа! — издивна Куле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)