токму (прил.) - спротивно (прил.)

Во Видал и своите, се случува токму спротивното: дати, како и имиња на места и ликови, с е точно прецизирано, имиња, поединости, не престанувајќи да се акумулираат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Иако мислевме дека оваа операција ќе оди мошне брзо, излезе токму спротивното – дека барањето работници кои се спремни отворено да проговорат за своите маки, барем во македонски прилики, е прилично комплицирана работа, главно поради присутниот страв на работниците „да не им се случи нешто“ во иднина, нив или на нивните најблиски!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Единствените пукнатини во високите бедеми на дистанца со која Елен Лајбовиц систематски се оградува од сите обиди за какво било вовлекување во Твојата лична или професионална приказна можат да се забележат исклучително во писмата што таа Ти ги испраќа во текот на драматичните летни месеци во 2001, кога во Македонија се води војна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во таа интенција Тебе тукуречи Те нема како приватна личност!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Го правев токму спротивното: пишувајќи ти за маркизата од Пескара, за грофицата фон Мек или за Евелина Ханска јас се обидував да ја откривам, но и да ја дефинирам суштествената разлика помеѓу сите нив, од една, и Твојата суптилна француска заштитничка, од друга страна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Откако го оцртува стариот облик на египетскиот јазик, којшто најверојатно се развил далеку пред првите хиероглифски инскрипции, Абел продолжува (стр.4) „Значи, во египетскиот јазик, таа единствена реликвија на примитивниот свет, постои одреден број зборови со две значења, при што едното укажува на нешто токму спротивно на другото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)