токму (прил.) - онолку (прил.)

Со други зборови, компјутерите се способни да синтетизираат алтернативни светови пројоцирајќи ги од алгоритми, т.е. од симболите на калкулативното мислење, коишто можат да бидат токму онолку конкретни колку што е конкретен светот во кој живееме.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Односно, со нивните стварни особини тие имаат токму онолку заедничко колку што оној валкан, егоистичен и грабежлив лихвар од антисемитските вицови има заедничко со самите Евреи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Местото е непроменето, а времето изврвело токму онолку колку што било потребно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ноќта ја помина на некој висок рид. Ја бркаше месечината, што од непознати причини се беше спуштила речиси на дофат, но при секој негов обид да ѝ се приближи таа отстапуваше токму онолку колку што тој мислеше дека ѝ се приближил.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Прво што почувствува беше олеснување, но додека го набљудуваше цврстото витко тело како се движи пред него, со црвениот појас затегнат токму онолку колку што е потребно за да се нагласи заобленоста на колковите, почна да го притиска чувство за неговата сопствена инфериорност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И заплива полека во тоа, а неговата тврда корупка, што ја имаше и тој, како и секоја семенка, околу својата свест, почна сега да се отвора со една речиси неосетна спорост, низ која сепак имаше токму онолку, колку што му беше потребно простор за да се подаде и да поникне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)