токму (прил.) - онака (прил.)

Тој слушна тамам толку од она што доаѓаше од телекранот, за да разбере дека сѐ се случило токму онака како што беше предвидел: една огромна поморска армада, тајно собрана, неочекуван удар во непријателската заднина, белата стрела продира преку опашката на црната.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш, одговори ми на ова: ако не би имале ниту глас ниту јазик, а би сакале еден на друг да си укажеме на предметите, зарем не би се обиделе, токму онака како што чинат глувонемите, да ги означиме со помош на рацете, на главата, ли со други делови на телото?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Токму онака како што се бираат лубениците, но сите ѝ изгледаа недозреани и недонесени. Ја влечеше непознатото, недопреното, негазеното.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Петар не знаеше дека оној што пишува никогаш не може да го натера оној што го чита тоа да го прочита токму онака како што тој сакал да биде прочитан и да го разбере токму онака како што сакал да биде разбран.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но Петар, како човек кој во душата никогаш не го засака пишувањето, оти се раѓаш или како писател или како рибар, не сфати дека не е важно дали сите тие луѓе кои жедно ги голтаа нивните проповеди и поуки ќе им ги разберат зборовите токму онака како што тие, проповедниците на Радосната Вест, сакаа да бидат разбрани.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се одлачуваа од ноќта сосема тешко, црни и бездомни како неа, искрснуваа заглувнати, чиниш некакви притулени далечни искрења во таа темница, за потоа да почнат да се приближуваат, сосема бавно, токму онака како што беше потребно, за да се заборави на сѐ друго, освен на тоа нивно наидување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Никогаш не сакаше ловот да му биде таков, каков што можат да го сторат најсреќните околности, бидејќи многу ретко се случуваше тој да наиде токму онака, како што се сонува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Впрочем за многуте од замислениве поединости постоеја и потврди или наслутувања од разговорите со мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но неспорна вистина е дека сите поединости врзани со времето на заминувањето кон планината, со возраста на мајка ми, како и начинот на кој и пристапил војникот долу во полето покрај оној длабок јаз што ја водел водата кон нивите со ориз; а и неговото подоцнежно однесување кон невенчаната девојка од полето; сите тие настани верувам биле токму такви, дури и се случувале токму онака како што си ги замислувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На Твојата машка натура навистина $ требаше многу време (неколку години!) сосема да го разбере, а потоа и да го прифати она што Твојата луцидна пријателка постојано го преповторува: Посебните врски што јас ги одржувам со вашите книги ме водат до мисла дека за тоа што ме учат за вас е бескрајно подлабоко и побитно отколку с што би можеле вие да ми раскажете.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Благодарение на годините што си ги поминал со Елен Лејбовиц сосема непозната жена што во Твојот живот влегла буквално од никаде, та и излегла од него по истиот терк, исчезнувајќи (во текот на Божиќната ноќ) во некоја конечна бартовска тишина...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во тие мигови, додека интензивно ги следи информативните емисии, ги чита весниците и на сите можни начини настојува да ја разбере ситуацијата во Твојата земја, госпоѓа Лејбовиц постапува токму онака како што би постапувала Твојата мајка: по факс Ти го испраќа планот на град Скопје (каде ли го нашла, добрата душа!), молејќи Те да го одбележиш местото на кое живее Твоето семејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И тоа токму онака како што не очекував; поточно, како што честопати си замислував дека јас ја бакнувам девојката што ја посакувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но мора да беше тој, зашто човечето си побара од наречената братучеда да го почести, па мајка му отвори една тегла со зашеќерено слатко и му ја тупна со забришана лажичка и чаша вода, токму онака како што правеше со окупаторските војници што ни упаѓаа дома како неканети гости и без збор благодарност или насмевка ќе ѝ ја вратеа теглата откако ќе ја испразнеа до дното, не задржувајќи ја ни за спомен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но никое од децата не го примаше во играта, зашто ни тој, ни Лидија, не знаеја да играат некоја игра токму онака како што се играше.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Породувањето конечно беше извршено и У дојде на свет будна, токму онака како што сакаше мајка ѝ.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Добро, се сложувам со тебе, можеби и не било сѐ токму по тој ред, како што јас си претпоставувам, но ако имало барем малку мајчинско чувство во неа, морала да постапи така, морала да се наоѓа само неколку чекори зад ќерка си.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Речи им на сите што ги познаваш да донесат што било, што имаат“, ми нареди токму онака како што обично го прави тоа, без дури и самата да знае што нарачува и што ќе се случи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А тој пат само со еден поглед може да се изврви...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ги свртувам очите натаму, и што да видам: ја кренал Семјон раката над главата и го пипа стебленцето на лозата; потоа, бавно, со јаготките на прстите патува по сите кривини на дрвото, како да ги поминува низ најбавен ритам деновите и изминатите години кои само за неговите прсти оставиле траги на прачката на лозата; сето тоа го правеше токму онака како што постапи и син му, пред малку, додека ја пипаше истата прачка; некои невидливи чекори, стапка по стапка, бавни; и син му, како да настојува со прсти да го помине сиот оној пат што се издолжил по лозницата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„А зошто ти е толку храна“, прашувам јас, „кога јавно објави дека ќе гладуваш?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Напротив, сметам дека сето време ја следела ќерка си, се прикрадувала зад неа, сакала да се увери дали Аксја ќе постапи токму онака како што била посоветувана, според напатствијата што самата ѝ ги дала...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)