токму (прил.) - напладне (прил.)

Потоа, построени и со песна, токму напладне поминувавме по централната улица што води право кон пристаништето, свртувавме десно и, удирајќи строев чекор пред касарната на албанската воена морнарица, последното чекорно удирање го завршувавме под врбата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Овде завршувам со младиот режисер и неговото интервју оти она што го доживеав во истата таа сабота, токму напладне во 12 часот, кога присуствував на промоцијата на еден познат полиграф од Хрватска, е исто така, за објавување.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)