токму (прил.) - вака (прил.)

Оттогаш, од тие одамнешни и недојаснети времиња, во кои и не морало токму вака, како погоре, односно како што било запишано во тефтерот Акиноски, да се случи завојувањето на Потковицата од страна на Турците, од некогашната малечка населба во Дупка останати се уште само неколкуте старовремски куќи, во кои, откако се иселија Аџиоските и Цолеските, едните уште во првата Голема војна во Бугарија, другите сега наскоро, ко се пуштија границите, во Австралија, никој не живее.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зарем токму вака на 9 март со удари на кундак не беше растерана масата, и зарем потоа не следеше постмартовското доведување на народот во редот на воените единици?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Нивната среќа ќе ги служи бесконечно долго и тие ќе продолжат со својата итрина, токму вака како сега, сѐ до крајот на нивните природни животи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Остатокот од човештвото (читај: сите оние што не живеат овде) токму вака го замислува Холивуд: град во којшто од небото паѓаат голи газови.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Таа буква-девојка излгедала, според цртежот во претсмртните ливчиња на Мида, токму вака: Отстапено со љубезност на Максим Димановски Уште една ситница беше важна за целата таа чудна книга-одаја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во Комитетот, токму вака, кркаат лубеници и чекаат тој да ги поведе во нова револуција.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Толку беше големо тоа негово откривање за себе, дека тој ете пак може и да сака нешто на еден ваков див и само негов начин, да го сака токму вака незаоглавено, дека не го имаше заборавено тоа ниеднаш досега и дека никој не успеал да му го одземе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се мачеше да најде начин да докрепи нешто, но дури сега беше сознаен дека токму вака ѝ било родено, сето ова со нив тројца во собичкава.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Следниот момент сѐ се измеша. Беше токму вака како што раскажувам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
На многу места, во сите книги од Твојата фамилијарна сага, Ти одново и одново пишуваш за таквата благородна и лековита тишина во која Твоите родители живееле цел живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Признавам, од опусот на Барт најмногу сум приврзана кон неговите подоцнежни книги, оние од постструктуралистичката фаза на неговото пишување, жанровски и методолошки хибридни (како Задоволство во текстот/Lе plaisir du texte, 1973, или Светлата соба/Lа chambre claire, 1980) и белким и поради тоа апсолутно заводливи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Живеејќи семејно и општествено токму вака како што денес вообичаено се живее и модернизирајќи ги, соодветно, нашите семејни и пријателски релации така што сѐ побегло се познаваме, сѐ помалку си кажуваме, сѐ пократко се гледаме и сѐ поретко си зборуваме (но си пишуваме СМС-пораки!), ние сосема ја загубивме драгоцената можност да комуницираме и со тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)