токму (прил.) - јас (зам.)

- Дали ова треба да значи - се вмеша Кикицас – дека сето тоа токму јас треба да го обезбедам?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зарем нема кој да ја задоволи нивната страст, та огнот од нивната жед морам да го гаснам токму јас!?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Никогаш не и го подреков ова мое откритие (а можеби и заблуда), но верував, а напати бев и сигурен, дека јас сум прозорецот што го овозможува патувањето на нејзините желби, намери, сомненија, надежи, кон светот што се шири под нас, кон полето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А на тој поглед, токму јас, (барем така мислев до овој момент), му помагав да се движи, да скита кон неразоткриените далечини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Притоа тврдев дека тешко може да се создаде живот што се разликува од другите и кој ќе се карактеризира како необичен и посебен!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Што се однесува до исчезнувањето на братучедот Благоја и изведената споредба со исчезнувањето на Загорка Пеперутката само ќе повторам дека станува збор за грубо поистоветување иако сум токму јас првиот а веројатно ќе останам и единствениот кој ја спомна таа сличност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Поетот Самоников мртов!? Реков, или помислив дека сум рекол?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ме најде доволно глупав за да го одведам токму јас на средба со смртта, не престанувал да се обвинува курирот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нели токму јас бев единствениот кој се обидуваше последниве денови да ја увери Загорка Пеперутката дека се лаже себеси кога мисли дека е во состојба да создаде живот што ќе поминува покрај другите без да ги допре.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На фискултура претпоследен се редам. По мене е само Дракче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ама Дракче има ниски родители и му личи.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Зошто токму јас да се редам претпоследен?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Гледај, те молам“, му се насмеа в лице, „ако си ти личноста која од толкавата зацапаност може и да се разболи, и ако цениш дека токму јас сум спасителката што може да те исцели, речи го тоа директно, а не во трето лице!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)