токму (прил.) - таков (зам.)

Впрочем, и оваа нарација е токму таков пример. 1.  Интервјуто го водеше Сашо Карапанчев, на 28.IV.2011, во Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овој прекален и бор- бен синдикален лидер на НССПЖМ, излегувајќи на штрајкови и протести, отсекогаш ги охрабрува работниците да се борат за 50 сопствените права, им излегува во пресрет и се солидаризира со оние чии права се повредени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ти не ме ни прашуваш дали имам токму такви,Марија!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А оваа тврдина беше токму таков споменик на паднатите империи...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мозочето мое кутро, кое си го замислував како обарен карфиол на кој топлината му ги уништила сите витамини и хранливи состојки, беше оптоварено од ништо друго, туку од непотребно (но тоа сега го велам) непрестајно, и на крајот на краиштата, бескорисно (кое токму такво се покажа) проследување на настанатите, па дури и на ненастанатите, туку потенцијално претстоечки ситуации во мојот живот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И тој е токму таков каков што таа го опишуваше.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Имаше строг и сериозен изглед, ама очите секогаш му беа насмеани. Длабоки.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но, Трново, не би било забележано и познато, ако не е токму такво.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа може да биде Коле или Митре. тие се токму такви...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ех, колку е убаво да имаш тетка мажена во Белград, па да си одиш на гости и да видиш токму такви ескалатори... и многу други необични работи.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Баба ми има една кутија полна копчиња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ама, другари“, реков, „зошто губиме олку време со желба да правиме пакост.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сигурно не сакаше арогантни ликови, а него дури и на чело му се читаше дека е токму таков.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сакаше да пронајде богата жена која ќе го сака токму таков каков што е и среќно би го поминала времето до крајот на неговиот живот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Неговиот Автопортрет (настанат околу 1605-та, сл. десно) покажува токму такви особини.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Носењето на burbery мантилот е одлика на стилот на повисоката средна класа, свесна за длабинското значење на креирањето на поп универзумот. Levi’s Панталоните од груба ткаенина која тешко се кине беа незаобиколен дел од гардеробата на американскиот Див Запад.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Една од клучните архетипски фигури на поп митологијата, КАУБОЕЦОТ, носел токму такви пантолони.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова се случило и со семејната мануфактура на снаодливиот Евреин Леви Штраус, митскиот творец на „легендата што живее“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Има повеќе видови јадења, кои кога се изготвуваат, бараат токму таков оган, од исушени гоедски лепешки.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И реков дека има и други лажици, нив не треба да се мачиш да ги преполнуваш а кафето ќе излезе токму такво какво што го посакуваш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем за многуте од замислениве поединости постоеја и потврди или наслутувања од разговорите со мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа самиот Словенец и го расакажал кога преспал една ноќ кај нас).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оттука па натаму престанав да ги прецедувам објаснувањата на Ѓурѓија бидејќи наеднаш ми наиде на ум зборот на Синесие кројачот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но неспорна вистина е дека сите поединости врзани со времето на заминувањето кон планината, со возраста на мајка ми, како и начинот на кој и пристапил војникот долу во полето покрај оној длабок јаз што ја водел водата кон нивите со ориз; а и неговото подоцнежно однесување кон невенчаната девојка од полето; сите тие настани верувам биле токму такви, дури и се случувале токму онака како што си ги замислувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она, кога му рекол на несреќникот Васе Пегланиот: колку ќе донесеш толку и ќе носиш мој Васе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Толку недели и месеци морал да носи токму такви тежини на десното рамо! (Добро, тој никогаш го нема спомнато тоа, но мајка ми ми има раскажувано за неговиот пријател Словенец и за цевката од минофрлачот што Даскалов честопати ја земал на своето рамо за да му помогне.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но оној, чија фотографија сите три љубоморно ја чуваа: тета Наца на пијаното, тета Менка во кујната, над шпоретот, тета Дитка на телевизорот, врз неделната програма – тој имаше токму такво лице: отмено, благо, а непроникливо – лице на дарителот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Е, токму таквите граѓани досега не сум ги видел да подале, да дале, да донирале нешто лично за експанзијата на театарската уметност.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, не многу после тоа од својот прозорец Змејко можеше да гледа како неа ја истуркуваат, разматувајќи ја, едни црвеникави, осојничави ветрови, што избодинуваа како незадржлива пепелничава коњица од северното небо, внесувајќи некој токму таков пепелаво-модрикав немир, во оние бездони пробиви, што ги оставаа по себе во исковитланата и наеднаш сосема поинаква, плаховита смиреност на облаците.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше злостор пред виделината, што тие нему мораа да му бидат токму такви.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пред да потоне во едно модрило, што му го преплавуваше целиот поглед, а после се расплинуваше и добиваше некакви крвави токови, помисли само уште дека она стреснување на окитот, што го виде во буките надвор, беше нешто, кое во некое свое далечно време, што сега воопшто немаше никаква врска со него, а сепак постоеше, тој го очекувал токму такво, дрвјата токму така да почнат да ги стреснуваат од себе тешките грутки снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нескромно, ама од се срце Филтер Југославија е токму таква книга..
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
„ Всушност, јас навистина сум токму таква сорта на девојка каква што изгледам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И поддршката за владејачката структура се бараше и, особено во раните периоди, се добиваше не врз основа на реално- сработеното, туку врз основа на ветувањето дека токму таквата политика во неодредената иднина ќе доведе до потекување на мед и млеко.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А Пане држи токму такви прстење какви што носат мариовките — жолти, од туч, се разбира, но нели се жолти, најблиски се до златото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Навистина, со закон турскиот поредок не беше робовладетелски, но на практика токму таков беше, зашто покорената раја беше сопственост на бегот и тој располагаше со неа по своја волја, та дури и до продавање на луѓе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но за сето време од својот монолог тој постојано го кажуваше осакатеното п кое токму такво звучеше моќно единствено. тревата заспива близу до нас или залудноста како неопходен елемент во откривањето на ноќните феномени ...водата да нè искапе – благородница или подмолница ...кон ѕвездата рацете – кон онаа што одамна топли или кон прекрасната грешна што сништа ни мами ...да талкаме – по меката добрина или по некоја далечна дивина незнаена што чека ...допир, одново допир,одново... ...нашите тела впиени во загадочната судба питоми по милост сурови по зов ...о моќна ноќна љубовна жед ко врела змија болот блед трепери во недоглед ...а долу нека уриваат...и без темел јас натаму патувам осветлен во твојата нагост... последниот или околу мебиусовиот концепт за изумрените видови ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Сепак, и во неа има вина. Таа го прифати токму таков: човек во „трето лице“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Напротив, многу често, токму таквите околности ја изострувале одговорноста и сочувството на борците за слобода.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Токму таквото однесување уште повеќе ме насрчи. Навалив со сето мое искуство.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Зошто? Зошто?“ „Кој би можел да рече дека еднаш, еден таков човек во токму таква машина од хартија и бамбус, нема да долета од небото и да фрли камења на Големиот Ѕид?“ запраша царот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зрновски изгледа во сонот ми објаснуваше дека во текот на војната има пополнувано со стихови токму такви картички некогаш одамна, по занданите?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури верував дека Самоников ќе ја оцени како каприц грдата љубовна игра што Јана упорно ја изведуваше пред неговите насолзени очи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Впрочем верував дека и во најкревките суштества постои жила на отпорноста и дека токму таквата отпорност умее да ѝ се спротивстави на лошата помисла.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И дека специјални курири, благодарејќи на беззначајната големина на картичките, ги изнесаувале од затворот и им ги предавале на одредени личности за да ги печатат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби и овие мои виденија, што беа поврзани со неочекуваните заминувања на татко ти, беа токму таквите невистинити слики, што животот ни ги праќа за да нè збунат и уплашат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сега знам дека нам само ни се причинува оти човекот е силна ѕверка што си ја носи како богат улов судбината во своите заби.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бев навистина поспана, заслепена, ниту за момент да здогледам или барем да се посомневам дека ни се прикрадува големото зло.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мислам оти згрешив кога не се нафатив да ги разгонам овие облаци од неговата глава бидејќи токму таквите темни тревоги го поттикнаа она што наскоро се случи со него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А јас тврдам оти животот е токму таков.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Никогаш не се знае што ќе се обиде да возвеличи а што да одрече.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нејси, лудоста во главата на мажот не ја остава на мира ни свеста на жената.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кутрата баба се успокои откако ја убеди дека му е потребна токму таква шолја за моливи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Дојди пак, - му рече татко ми, - на Ведан му се допаѓаат силни и храбри момчиња, и ти ми изгледаш токму таков, - го потчукна по рамената.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
ТРЕТАТА ЖЕНА: Сметам дека ние сме ги одбрале родителите, токму такви какви што се, за да можеме најдобро да се реинкарнираме на нивото на нашето сегашно искуство.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И себеси се обожуваше. Можеби затоа живееше речиси сто години.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мозокот како и секогаш бараше добра преокупација, а притоа во мене сѐ уште стоеше долгогодишната навика секој ден да одам на работа и тоа токму таква која целосно го исцрпува телото и умот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Додека патував, во автобусот замислив и потоа најдов токму такво место какво што посакав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Јас бев во токму такво расположение кога случајно во кафеаната „Солун“ не најдовме на кафе со Сврделот и со Трифуна Мијакот – Баџата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Моите проблеми во тој момент беа токму такви и никој жив не можеше да ги отстрани, но татко ми ми се обрати многу нежно кога ме праша што ми е, и седна до мене со намера да открие, а не само онака, да праша и да си замине како што понекогаш прави.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Татичко – му се пожалив – тажна сум без бато. – Кога ќе се врати?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ама сепак, решив да почекам и да го одложам откривањето на мојата најголема тајна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беа полни со смеа, со дружења и со разговори, и уште на сето згора оние очи на Мартин кој одвај го познавав, а веќе ми се всели во мислите, тие очи, токму такви како сините очи на мојот идол артистот Леонардо ди Каприо!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ако останев во градот, ми се укажуваше шанса Мартин подобро да го запознаам и почесто да се дружиме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Е, токму такви изгледаа шумите под нас кога почнавме полека да се спуштаме со килимот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Јас токму такви секогаш сум ги замислувала – прифати мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми се причини дека Мила е токму таква да може таа тајна да ѝ се довери.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)