токму (прил.) - онаков (зам.)

Никаде не стои дека природните закони се токму онакви какви што ние сме ги формулирале.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Се поднасмевна, задоволен од она што го прочита – ракописот беше читлив, а зборовите јасно и верно ги пренесуваа неговите пораки, токму онакви какви што му беа во главата додека ги запишуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога за ова прашање дискутираше со своите пријатели од младоста, во еден друг систем на верувања, дискусиите беа жешки, но се чинеше како сите да се согласуваат дека секој е кројач на својата судбина и искрено веруваа дека нивните животи ќе бидат токму онакви какви што тие ќе ги направат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
2. Некој со поголемо срце отколку што е моево или со повеќе чувство за враќање во минатото до себеси ја сретнува Рубина Фаин во густиот и жив гоблен на градското улично и човечко мнозинство, токму онаква каква што била кога го завршувала писмото - бела и долговрата, со благо поттрепнување на горната усна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сега оној беше во срцевината на работите, а сето беше токму онакво, за какво што Змејко уште одамна, уште во почетокот, се плашеше дека ќе биде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мелодијата беше токму онаква каква ми требаше – мека,податлива, топла како голтките црно вино што ми се сливаа долж телото, како кожата на жената.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Рече дека донел три шишиња комова, и дека се наоѓаат во ранецот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа не значи дека не го сакаше или дека не беше подготвена да го прифати животот токму онаков каков што и беше доделен - рече Даскалов и ме замоли да му налеам една чашка од ракијата што ја донел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вратата се отвори и се заниша на ментежињата, отворајќи се и затворајќи се.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бев во голема невола: ми претстоеше итно патување; еден тешко болен ме очекуваше во село оддалечено десет милји; силна снежна меќава го исполнуваше просторот меѓу мене и него; имав кола, лесна со големи тркала, токму онаква каква што е потребна за нашите патишта; завиткан во бундата, со ковчежето со инструментите в рака, веќе стоев во дворот, подготвен за пат; но коњот, коњот го немаше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За да видиме како еден модел ни помага да разбереме некакво, без него потполно нејасно, поведение, нека си замислиме токму онаква пирамида од јаболка на каква што можеме да наидеме на кој и да било уличен штанд на кој се продава овошје.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)